Италија беше земја која во првиот бран на ковид-пандемијата беше меѓу најпогодените во светот и во најлоша состојба во Европа.
Кај нив се уште е на сила вонредната состојба, но со најновите случувања, властите одлучија на крајот на следниот месец целосно да ја укинат.
Секако, тамошното Министерство за здравство и здравствените органи нагласуваат дека и понатаму ќе се следи будно состојбата, за да може итно да се воведат нови мерки, ако за тоа се појави потреба.
Вонредната состојба во Италија започна на 30 јануари 2020 година, односно таа трае повеќе од две години.