Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои се зголемува крајната цена на испорачаната топлинска енергија  во просек за 14,05% кај трите компании на територијата на Град Скопје.

„Со денешната одлука цената на парното практично се враќа на ниво од јули 2018 година. РКЕ во последните 9 години носеше одлуки со кои сметките за парно континуирано се намалуваат, освен една година кога останаа на исто ниво. Природниот гас е енергенс кој државата го увезува и неговите високи цени влијаат во цела Европа. Ги уверувам граѓаните дека во моментот штом се стабилизира цената на природниот гас одлуката ќе биде ревидирана. До тогаш, упатувам апел до Град Скопје и општините да излезат во пресрет на најранливите категории со финансиска помош. Во исто време Ве информирам дека и Владата ќе преземе соодветни мерки со кои ќе се обезбеди стабилност во снабдувањето со топлинска енергија.  По две години откако РКЕ иницираше проширување на листата на ранливи категории со лица кои имаат ниски примања, Владата се одважи да донесе одлука по моделот кој го предложивме. По истиот пример бараме и Градот Скопје да делува. Во време на енергетска криза сите мора да се солидаризираме, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Со одлуката во јули 2021 година цената на парното се намали во просек за 4.35%. По ескалирање на енергетската криза во Европа со огромниот пораст на цените на природниот гас и електричната енергија, дел од компаниите побараа ревидирање на цената за топлинска енергија дури и за 300%. Во Скопје околу 60.000 потрошувачи се приклучени на централните  системи за греење на  трите компании.

Промовирани огласи »

Цените на горивата од ноќеска повторно се зголемуваат, и сите ќе пораснат за 1,5 денар, потврди Марко Бислимовски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и води, во разговор за ТВ24.

По поскапувањето цените на горивата ќе се зголемат до 86 денари за Еуросупер БС – 98, што е највисока цена досега. 

Новите цени на горивата од ноќеска ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 84 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 86 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 75,50 (денари/литар) 

Промовирани огласи »

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.  За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции: 

ФАРБАРИ-ПРИМПРЕМАЧ

ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН 

ФАРБАРИ-ЛАКИРАЧ 

ТЕХНИЧАРИ ЗА ГРЕЕЊЕ, ЛАДЕЊЕ И КЛИМАТИЗАЦИЈА ПОДВОЗЈЕ И СКЛОПОВИ 

ТЕХНИЧАРИ ЗА ГРЕЕЊЕ, ВЕНТИЛАЦИЈА И КЛИМАТИЗАЦИЈА 

СТОЛАРИ 

ПРИПРЕМАЧ ВО АВТОЛАКИРНИЦА 

ПРИПРЕМАЧ ВО АВТОЛАКИРНИЦА 

МЕХАНИЧАРИ ПОДВОЗЈЕ И СКЛОПОВИ 

ИНСТАЛАТЕРИ-ОПШТИ МОНТЕРИ 

ИНСТАЛАТЕР НА ПРОЗОРЦИ 

ЗАВАРУВАЧИ 

ЕЛЕЛКТРО ИНСТАЛАТЕРИ

ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАРИ  

ЕЛЕКТРО ИНСТАЛАТЕРИ ПОДВОЗЈЕ И СКЛОПОВИ 

ЕЛЕКТРИЧАРИ ДЕЛОВИ 

АВТОЛИМАРИ/МОНТЕРИ 

MEХНИЧАРИ – ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА

Промовирани огласи »

Сервисот Ценометар ги следи трендовите на промените на цените, откако замрзнаа цените на некои производи, но потоа се донесе и одлука да се ограничат маржите на прехранбените продукти во продавниците. 

Она што сите веќе можеме да го забележиме е дека многу продукти се далеку поскапи од претходно, а граѓаните реагираат и на цената на тоалетната хартија, основни козметички производи за капење и миење раце, но сепак, најизразено е кај храната. 

Зголемувањето е генерално кај сите производи, но најистакнато е кај следниве категории:

1. Банана – поскапена за 8-10 денари!

2. Лимон – поскапен за 5-7 денари!

3. Јаболка – поскапени за 8 денари!

4. Домат – поскапен за 14 денаари!

5. Зелка – поскапена за 4 денари!

6. Компир – поскапен за 6 денари!

7. Брашно – поскапено за 4 денари!

8. Грав – поскапен за 17 денари!

9. Путер – поскапен за 5 денари!

10. Ајдамер кашкавал – поскапен за 67 денари!

11. Гауда кашкавал – поскапена за 29 денари!

12. Свинска кртина – поскапена за 20-40 денари!

Поскапувањата се различни по различни маркети, но генералниот тренд е јасен.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »