Промовирани огласи »

Формуларот PLF (Passenger Locator Form), што веќе 20 месеци е задолжителен за влез во Грција, без разлика дали станува збор за грчки државјани или странски туристи и независно од начинот на патување и влез во земјата, ќе се укине од 15 март 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретната обврска, како и за сите туристи, важи и за македонските граѓани кои патуваат кај јужниот сосед.

Министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас денеска соопшти дека „по препорака од Комисијата на епидемиолзи од Министерството за здравство, од 15 март 2022 година се укинува пополнувањето на формуларот Passenger Locator Form (PLF) за сите посетители од сите земји за влез во Грција“.

Укинувањето на PLF го олеснува процесот за влез на туристи, пренесувајќи го акцентот на контролата на сертификатите за имунизација, рече Кикиљас.

Додаде дека дополнително, Комисијата предложила да се зголеми од 85 на 100 отсто капацитетот на туристичките автобуси.

Задолжителното пополнување на PLF формуларот, Грција го воведе на 1 јули 2020 година и се уште е во сила.

Промовирани огласи »

За да остварите добивка од максималните 1.800 денари од поврат на ДДВ, во период од три месеци, треба да потрошите 180.000 денари. 

Проектот функционира речиси две години, а повеќе од 440.000 Македонци редовно скенираат фискални сметки и ги чекаат исплатите секое тримесечје.

Граѓаните со поделени ставови. Едни го оправдуваат проектот со кој, како што велат, симболична сума се враќа назад во семејниот буџет, други „тераат мајтап“ со скенирањето за ситни суми.

Кога веќе ги трошиме парите, со скенирањето кое не одзема многу време, имаме дополнителен приход. На пример, 1.000 не се многу пари, но сепак се добредојдени, вели една скопјанка која скенира сметки од самиот старт на проектот.

Не е за пофалба овој податок дека Македонците масовно скенираат, туку е срам. Да чекаш државата да ти врати некој денар, за да покриеш некоја дупка нема полошо, коментира еден граѓанин.

Повеќето немаат појма од математика, нека поскенираат уште повеќе да покријат некој дел од процент од инфлацијата. Давеникот и во сламка спас гледа....за жал така е.....треба некој сериозно да се замисли зошто е така, коментира друг граѓанин.

Скенирањето сметки име омилено хоби на Македонците. Зарем не е трагично, да снеираш за да земеш назад 300 денари. Успех и што со тие пари, вели иронично друг граѓанин.

Според надлежните досега назад кај граѓаните се вратени околу четири милијарди денари и таквата пракса, велат тие, ќе продолжи. Исплатата се вржи најдоцна два месеца по истекот на тромесечјето.

Иако СДСМ пред две години најави пораст на лимитот на „МојДДВ“ на 2.300 денари по лице тоа се уште не се случи. 

Промовирани огласи »

Медиа мониторинг на известувањето за конфликтот Русија-Украина

Кои извори за информирање ги користат македонските медиуми кога рапортираат за конфликтот?



Ова истражување опфаќа период од 1ви до 28ми Февруари 2022 година, на тема „Конфликтот Русија-Украина“. Опсег на мониторинг се 400 македонски дигитални медиуми.

Вкупно 41.113 вести се објавени во текот на февруари во врска со конфликтот, од кои доминантиот број беа објавени кон крајот на месецот, кога започна и вооружениот напад. 

При известувањето, македонските медиуми во 40.7% цитирале одреден извор за своите информации. Во 59.3% од вестите, или во 24.380 вести, не се споменува изворот на информацијата. Мал дел од овие вести се локални настани поврзани со конфликтот, како, на пример, одлуката за забрана на Руските авиони да прелетуваат низ нашата територија. 

Најцитирани меѓународни медиуми и агенции се Ројтерс, BBC и CNN, додека најцитирани Руски извори се ТАСС, РИА и Спутник.
 
Во забележителен број на вести не е прецизиран изворот од кој се добиени информациите, туку се наведени како „Според украинските медиуми“, „Според руските медиуми“ или „Според светските медиуми“. Вкупно тоа се илјадници вести, особено во последната недела од Февруари.

Скоро 3 пати повеќе вести се засновани на меѓународни извори (28.8%) споредено со руски извори (9%), додека на украински извори се засновани само 3% од вестите.

Промовирани огласи »

Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам Северна Македонија) во соработка со Американско – Грчката Стопанска Комора (АмЧам Грција) и со поддршка на амбасадите на САД во Скопје и Атина, ја организираат својата прва трговска мисија на компании од Република Грција во Република Северна Македонија.

Трговската мисија ќе се одржи на 21 и 22 март во хотелот „Double Tree by Hilton Skopje“, а целта е да се претстават можностите за инвестирање во нашата држава, како и да се воспостави деловна соработка помеѓу домашните компании со компании од соседна Грција. 

Во текот на првиот ден ќе бидат претставени можностите за инвестирање кои Владата на Северна Македонија ги нуди за странските и домашните инвеститори, додека вториот ден ќе бидат организирани директни средби помеѓу компании од Грција и Северна Македонија кои дејствуваат во индустриските сектори: агротехнологија, логистика, производство, технологија и иновации, енергетика, туризам, градежништво и инфраструктура.  Во рамки на настанот ќе бидат посетени и две компании, странски инвестиции, од Грција и од САД.

“Градењето одржливи партнерства и можности за соработка е во основата на функционирањето на АмЧам организациите ширум светот и иницијативите од овој вид се главен приоритет на АмЧам Северна Македонија во изградбата на подобар деловен екосистем за нашата земја“ - вели г-дин Драган Давитков, претседател на Бордот на директори на АмЧам Северна Македонија во пресрет на одржувањето на трговската мисија.

Трговската мисија следува после билатералниот состанок на АмЧам Северна Македонија и АмЧам Грција, кој во септември минатата година беше одржан во Солун во рамки на Енергетскиот форум на Југоисточна Европа, кога беа поставени и рамките за засилена билатерална економска соработка што ќе вклучува иницијативи за зголемени трговски релации и унапредена деловна соработка помеѓу Грција и Северна Македонија.

Дополнителни информации

За АмЧам Северна Македонија

Американската Стопанска Комора во Северна Македонија е бизнис асоцијација која претставува 130 компании со различна големина, од речиси сите економски сектори, пренесувајќи го нивниот глас за одржлива, предвидлива и компетитивна деловна средина преку застапување, организирање настани и споделување на најдобри практики. АмЧам Северна Македонија е акредитиран член на Американската Стопанска Комора во Вашингтон, САД и организација на Американски Стопански Комори  во Европа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »