Најскапиот јапонски автомобил ви историјата станал првиот произведен примерок на "Toyota 2000GT".
Станува збор за првиот примерок "Toyota 2000GT" со сериски број и еден од само три кои "Shelby" ги подготвил за "SCCA C-production" трките.
Овој автомобил се што е потребно за соборување на рекордот на аукцијата и токму тоа и се случило. Иако се проценувало дека ќе постигне цена меѓу 2,75 и 3,5 милиони долари, новиот сопственик издвоил 2.535.000 долари, но и тоа е сосема доволно "Toyota 2000GT" да стане најскапиот јапонски автомобил продаден на аукција.
Овој автомобил го надминал претходниот рекорд кој изнесувал 2,1 милион долари издвоени за "Toyota Supra", како и за "Lexus LC 500 Convertible", кој бил продаден за 2 милиони долари.
Меѓу десетте најскапи јапонски автомобили, има шест примероци на моделот "2000GT".
Toyota" моделот "2000GT" го лансирала во 60-тите години за да го унапреди својот имиџ, а го придвижувал 2,0 литарски твин-турбо 6-цилиндричен мотор развиен во соработка со "Yamahom, кој испорачувал 150 коњски сили. Бил тежок помалку од 1.134 килограми, а од 0 до 100 км/ч забрзувал за околу 10 секунди.
Меѓутоа, овој "Toyota-Shelby 2000GT" испорачува 210 коњски сили, поседува три двократни карбуратори, петостепен мануелен менувач...
"Toyota" автомобилот го користела во промотивни цели, а потоа шасијата "MF10-10001" доживеала бројни подобрувања благодарение на работата на инженерите не "Shelby" и "Toyota" за да биде подготвена за "SCCA" трките. Поставен е двократен издувен систем, и менувач во "Ferrari" стол. Направена е целосна реставрација во текот на 80-тите за да се врати историската бела и металик сината комбинација на бои.