Промовирани огласи »

Веќе трета недела цените на прехранбените намирници се во фокусот на секој еден Македонец.

Речиси секојдневно има зголемување на цените, па и самите продавачки и менаџментот на маркетите велат дека се уморни од секојдневно менување на налепниците со цени на рафтовите.

По поевтинувањето на горивата, се очекува од денеска да има корекции и на цените на основните прехранбени производи, односно нивно поефтинување.

За цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата стапката на ДДВ е намалена од 5 на 0 проценти и оваа мерка ќе трае до крајот на мај.

Паралелно со ова, замрзнати се маржите за некои производи, и укинати царинските давачки за увозот на основните прехранбени продукти.

Маслото за јадење, дефинитивно, претрпе најмногу ценовни шокови. Во моментов, различни маркети и продавници го нудат по различни цени. Најевтиниот е од 87 денари, а најскапиот 102 денари за литар.

Шеќерот речиси секаде е со цена од 40 денари за 800 или 900 грама, односно едно пакетче.

Табла јајца веќе чини над 200 денари, однсоно од 215 денари па нагоре.

Килограм кашкавал, зависно од производителот и маркетот, чини околу 350 денари, чајната за килограм е над 400 денари во повеќето маркети.

Килограм банани во маркетите се продаваат по цена од над 70 денари, а се почесто не може да се најдат јаболка поевтини од 20 денари. Компирот за килограм чини околу 20 денари.

Промовирани огласи »

Пребарувачот Google служи за секојдневно пребарување на разни клучни зборови, имиња, поими, адреси, прашања и итн. Според истржувањето на Pikasa Analytics, еден од најчесто пребаруваните поими е Google Translate. Но, забележителен е интересн факт дека покрај тој клучен збор, корисниците на интернет најчесто го пребаруваат и клучниот збор Traslate .

Всушност се работи за истиот клучен збор, но најчесто корисниците така погрешно го пишуваат.

Инаку, Google сеуште е доминантен пребарувач во Светот и кај нас. Во Македонија, дневно се регистрирани преку 7.000.000 пеебарувања. 

Google Translate е алатка за автоматско преведување на зборови и реченици од повеќе јазици кон и од Македонски. Сервисот е базиран на алгоритми и машинско учење и секојдневно се усовршува. Секој корисник има можност да придонесе кон усовршување на прецизноста, доколку преведениот резултат не е точен, додавајки коментар на истиот. 

Промовирани огласи »

Од вчера е укинат ковид сертификатот како пропусницата според претходните одлуки донесени од Кризниот штаб во Србија.

Пропусниците за Ковид беа воведени на 23 октомври минатата година и прво важеа по 22 часот, но со зголемувањето на бројот на новозаразени, нивната важност беше продолжена, па се применуваа од 20 часот. Лекарите кои се членови на Кризниот штаб бараа пропусниците да важат 24 часа, но тој предлог никогаш не беше прифатен.

Се задржува препораката за носење маски во затворени простории, но не е задолжителна. Се укинува и ограничувањето на бројот на луѓе во затворени простории.

Маските ќе се користат задолжително само во здравствените установи.

Промовирани огласи »

Eве каде треба да внимавате и на што да обрнете внимание во потрагата по вистинскиот кандидат за работа.

Детален опис на работата

Една од најважните работи е да имате добро изготвен опис на работата каде ќе бидат вклучени сите детали поврзани со работното место, потребните вештини, тежината на работата, очекувањата од кандидатот и сл. Осигурајте се дека кандидатот ги исполнува сите услови и со голем ентузијазам пристапува кон обврските.

Внимавајте на карактерот

Не се битни само квалификациите и желбата за работа, треба многу да се внимава каков карактер избраниот кандидат поседува. Честопати во потрагата по вистинскиот кандидат за отвореното работно место, одговорните не обрнуваат внимание на карактерот на личноста. Како професионалец во бизнисот, не смеете да си дозволите таков пропуст, во потрагата по вистинскиот кандидат, барајте ги и оние карактерни црти кои би се поклопиле со работното место.

Запознајте ги нивните слаби точки

Сите кандидати имаат и јаки и слаби страни. Обидете се на ненаметлив начин да ги дознаете оние слабите. Потоа направете проценка дали работното место ќе може да функционира и покрај тие слаби точки на кандидатот, или од старт ќе биде осудено на пропаст.

Обезбедете платформа за пред-селекција

Кога имате премногу пријавени кандидати за отвореното работно место направете пред-селекција преку прашања на елиминација. Така нивниот број ќе се намали, а вие ќе заштедите време и ќе можете да се концентрирате на потесниот круг на избрани кандидати и со тоа да донесете исправна одлука.

Постигнати успеси

Не се задоволувајте само со условите кои барате да бидат исполнети за пополнување на работното место. Барајте кандидати кои постигнале многу повеќе и кои со брзо темпо работат на градењето кариера. Водете го интервјуот во таа насока, дознајте како и со што тие го мерат својот успех и дали зад нивната приказна навистина се крие оној вистинскиот кандидат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »