Промовирани огласи »

Во текот на вчерашниот ден (20.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 434 возачи.

Од нив 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 204 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 230 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Промовирани огласи »

Од 21 март е отфрлен условот за „зелен сертификат” за сите активности и настани во Бугарија, досега ограничен, јави дописникот на МИА од Софија.

Од истиот датум, наставата на универзитетите ќе се спроведува со физичко просуство според распоред, бидејќи не се дозволени симултани практични или семинарски вежби на повеќе од 50% од групите, а нема да се дозволи мешање на групи. Предавањата ќе се одржуваат со 50% исполнетост на салите.

И покрај укинувњето на зелениот сертификат, останува условот за редовно проветрување, дезинфекција и носење заштитни маски од страна на учениците и наставниците.

Промовирани огласи »

Нема потреба од ПЛФ и остануваат истите правила за влез во Грција и од утре. 

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре наутро, а ќе важи до 4 април 2022 година, јавува МИА.

Во земјата се влегува со сертификат за вакцинација ккој е со важност од девет месеци по втората доза, потврдата за прележана болест трае 180 дена, а доколку се патува со негативен тест, треба да биде направен 72 или 24 часа претходно, во зависност од тоа дали е ПЦР или рапид.

За вакцинираните, сертификатот е валиден доколку се поминати 14 дена од втората примена доза и не повеќе од девет месеци по вакцинацијата, а за лицата кои примиле бустер доза не постојат ограничувања.

Европскиот дигитален сертификат треба да ги содржи основните лични податоци, име и презиме како што се наведени во пасошот, видот на вакцината, бројот на дози и датумот на примање.

Втората опција е со потврда за прележан Ковид-19 по лабораториски тест со ПЦР-метод или со брз антиген тест (рапид тест), а согласно министерската одлука, европскиот дигитален сертификат за прележана болест се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена од истиот.

Третата опција е со потврда за негативен тест, односно негативен резултат од ПЦР-тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето во Грција.

Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години.

Сите посетители на Грција, независно од државјанството и начинот на влез во земјата, може да бидат подложени на случајни тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам.

Промовирани огласи »

Во услови кога сме заробени дома поради коронавирусот, состаноците и професионалниот ангажман, кои бараат меѓусебна комуникација, неопходно е да се одвиваат преку интернет. Какви веб апликации постојат за организирање онлајн видео-конференции и сл.? Се зависи од тоа каков уред користите или имате можност да користите вие и вашите соговорници, но зависи и од типот на активноста - дали ќе споделувате документи или ви треба само платформа за аудио/видео повик во кој едноставно ќе имате краток состанок. Сите платформи функционираат различно и се користат за различни цели.

Барате апликации за видео конференции со поголем број учесници?

Најчесто се користат:

ZOOM е апликација која е многу лесна за користење. Во основната варијанта може да учествуваат до 100 учесници, за повеќе ќе мора да имате дополнителни поставки и многу веројатно тоа ќе ви го наплатат. Апликацијата се користи и преку телефон и преку лаптоп, за што треба да имате камера на лаптопот, но не значи дека мора да ставите ваша фотографија. Во моментот на конференцијата може слободно да го исклучите видео преносот, а сепак да сте присутни. Секако, за да бидете дел од ова мора да го имате Meeting ID – бројот на видео состанокот и Лозинка за влез на видео состанокот. Лозинката ќе треба да ја впишете откако ќе го кликнете линкот, за да можете да влезете во онлајн состанокот. Најважно е оваа лозинка да не биде видлива, бидејќи на тој начин и други ќе може да се приклучат. Ако користите ZOOM и ја имате симнато, само направете update, бидејќи се воведени нови карактеристики, во делот на приватноста и безбедноста на вашиот компјутер. LIFESIZE апликацијата за видео конференција работи на кој било вид платформа и уред. Сè додека уредот има камера и микрофон, апликацијата го поддржува. Како резултат, корисниците можат лесно да се поврзат и да учествуваат на состаноци каде и да се, и со кој било уред што го користат. Единствено што може да ве ограничува е бројот на учесниците – максимум до 25.

Microsoft Teams  е комерцијална деловна платформа за комуникација развиена од Microsoft, како дел од семејството на производи на Microsoft 365. Тимовите првенствено се натпреваруваат со сличната услуга Slack, нудејќи разговори и видеоконференции на работниот простор, складирање датотеки и интеграција на апликации. Teams ги заменува другите платформи за деловни пораки и соработка управувани од Microsoft, вклучувајќи ги Skype за бизнис и Microsoft Classroom. За време на пандемијата COVID-19, Teams и други софтвери како што се Zoom и Google Meet, добија голем интерес бидејќи многу состаноци се префрлија во виртуелна средина. Од 2021 година, има околу 250 милиони месечни корисници.

Google Meet е видео-комуникациска услуга развиена од Google. Таа е една од двете апликации што ја заменуваат Google Hangouts, а другата е Google Chat. Во февруари 2017 година, Google официјално го лансираше Meet во март 2017 година. Услугата беше претставена како апликација за видео конференции за најмногу 30 учесници, опишана како верзија на Hangouts погодна за претпријатијата. Се лансираше со веб-апликација, апликација за Android и апликација за iOS.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »