Промовирани огласи »

Владата изгласа пропорционален раст на платите во јавниот и приватниот сектор. 

На денешната 32-ра седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници.

Основната цел е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор и усогласување на останатите плати на административните службеници, како и обезбедување континуитет на промените на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Од месецов, минималецот изнесува 18.000 денари. 

Промовирани огласи »

Од следниот вторник, 29 март, ќе се исплаќаат мартовските пензии кои ќе бидат зголемени за 1.000 денари.

Ова се првите илјада денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и со мајската пензија.

Од банкоматите ќе може да се подигнат пензиите од вторник, а истиот ден во банките ќе се врши и исплата на пензиите со висина до 11 илјади денари. Во среда, во филијалите и експозитурите на банките ќе се врши исплата на пензиите од 11.000 до 14.000 денари, во четврток од 14.000 до 18.000 денари, а во петок ќе бидат исплатени највисоките пензии над 18.000 денари.

Промовирани огласи »

„Визер“ најавува постепено повторно отворање 7 линии и воведување 2 нови од Скопје и Охрид до дестинации во 7 земји почнувајќи од март и мај. Местата за повторно отворените рути се веќе достапни онлајн и преку мобилната апликација од дури 19,99 евра.

Македонците повторно ќе може да летаат од Скопје до Билунд, Бремен, Рим-Чампино, Турку и Векше и од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген. Дополнително, „Визер“ ќе почне со работа на 2 нови линии: Охрид - Лондон - Лутон и Скопје - Малта. Овие рути се надополнуваат на постојните од аеродромите во Северна Македонија до популарните дестинации. Така, македонските патници ќе може да ги користат овие евтини услуги до некои од највозбудливите градови во Европа.

За дополнителна сигурност, „Визер“ им препорачува на патниците да додадат „Виз флекс“ на нивната резервација за дополнителна заштита. Со тоа патниците може да изберат да патуваат на друг датум или до друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат својот лет до 3 часа пред полетувањето, без никаков надоместок и да добијат 100 % од оригиналната цена на билетот веднаш вратени како кредити на авиокомпанијата.

Промовирани огласи »

Се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54%, информираат од РКЕ. Новите цени важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.03.2022 година и со тоа со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,354 ден/кг.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00 ден/лит, па малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ ќе изнесува 75,50 ден/лит.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »