Промовирани огласи »

Треба да се разјасни како инвеститорите во техничко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) можат да аплицираат за добивање дозвола за поставување фотоволтаични модули на крововите на своите производни капацитети со цел производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка, вели директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс.

Според Мартенс, фотоволтаични системи со инсталирана моќност до еден мегават може да се поставуваат на покриви по добивање одобрение од општина. Овој процес е многу поедноставен отколку добивање градежна дозвола. Постапката опфаќа доставување извод од урбанистичкиот план или имотниот лист, ревидиран проект, договор со сопственикот на објектот, лиценца во зависност од капацитетот и согласност од Агенцијата за цивилно воздухопловство, во зависност од висината на панелите. Но, оваа одредба не ги опфаќа инвеститорите во зоните и затоа е пожелно прилагодување на законската одредба која важи за ТИРЗ.

Промовирани огласи »

Рамсторе Македонија е ланец од 29 маркети и 1 онлајн маркет “Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Освен чувствителноста за потребите на потрошувачите, Рамсторе има изразена сензибилност за потребите на своите вработени; компанијата ги препознава нивните потенцијали и нуди можности за развој. Благодарение на тој непосреден пристап, веќе 17 години создава успешни кариерни приказни каде што има за цел да не е само компанија, туку и многу повеќе од тоа - семејство на своите вработени. Рамсторе семејството непречено расте и се развива, постојано се збогатува со нови маркети, нови вработени, но и новитети.

Аплицирај на следниве работни позиции:

OДГОВОРЕН ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

АСИСТЕНТ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 

ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ - СКОПЈЕ 

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - СКОПЈЕ 

ПРОДАВАЧИ ВО РИБАРА 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МАРКЕТИНГ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР 

АСИСТЕНТ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА 

ПРОДАВАЧИ НА ДЕЛИКАТЕС,МЕСО И ПРОИЗВОДИ ОД МЕСО

Промовирани огласи »

Највисока просечна нето-плата земаат вработените во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, односно 78.229 денари. Податоците денеска ги објави Државниот завод за статистика. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2022 година, изнесувала 29.980 денари.

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 106.0. Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.9 %), Други услужни дејности (13.8 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11.0 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (8.6 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (6.6 %) и Други услужни дејности (5.0 %).

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Во рамки на проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, започна кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Едукативната кампања има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност е навремено да го подмирувате данокот.

Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмирување на данокот на имот, средствата од даноците на имот го полнат директно општинскиот буџет со кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти нови проекти за индустриски развој.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите го посветува месец март на навремено информирање на даночните обврзници за подмирување данокот на имот.

За таа цел погледнете го видеото и дознајте повеќе.

Projekti i USAID-it për Përforcimin e kapaciteteve për shfrytëzim të resurseve i bashkohet fushatës "Tatimi im, për komunën time!" dhe ka për qëllim të informojë publikun se pagimi i tatimit në pronë është detyrë e çdo qytetari taksapagues, por në të njëjtën kohë  kontributi  i individit për ndërtimin e një të ardhmeje më të mirë në komunë.

Nëse posedoni pronë në një komunë të caktuar, atëherë ju jeni automatikisht taksapagues me të drejtë ligjore për një vendim për tatim mbi pronën tuaj, por gjithashtu edhe detyrim ligjor dhe obligim personal për të shlyer në kohë tatimin.

Çdo qytetar taksapagues duhet ta dijë se me shlyerje në kohë të obligimit të tatimit në pronë, mbush drejtë për së drejti buxhetin e komunës, përmes të cilit realizohen të gjitha projektet e planifikuara publike dhe të infrastrukturës. Ме këtë, thënë thjesht, secili prej nesh personalisht kontribuon në zhvillimin e komunës, të cilën në të ardhmen do ta zbukurojnë: kopshte të reja, kënde të reja lojërash, rrugë të reja, shkolla të reja, ndriçim i rri, parqe të reja, projekte mjedisore, projekte të reja për zhvillimi ekonomik.

Në muajin mars, projekti i USAID për përforcim e kapaciteteve për shfrytëzim të resurseve i dedikohet informimit me kohë të tatimpaguesve për shlyerjen e tatimit në pronë.

Për të mësuar më shumë, shikoni videon në lidhësen!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »