Промовирани огласи »

Васко Ковачевски, генералниот директор на АД ЕСМ, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека на компанијата до крајот на годината ќе и бидат потребни уште 100 милиони евра за да ја покрие разликата помеѓу производствената и продажната цена за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.

Од минатата година од ноември па до сега се потрошени околу 165 милиони евра. Ќе треба до крајот на оваа година уште 100 милиони евра. Овие пари ќе се обезбедат дел од програмите со намалување на трошоците и дел од ребалансот на буџетот, изјави Ковачевски.

Првиот човек на државните електрани најави и задолжување кај Европската банка за обнова и развој со кредит од 50 до 100 милиони евра.

ЕБОР дава можност за кредитно задолжување со камата под 1 процент, исплата на 6 години со грејс период од 6 месеци. Станува збор за сума од 50 и 100 милиони евра за покривање на разликата од производната и продажната цена, најави Ковачевски.

Тој најави дека со новите проекти ќе се обезбеди производство на електрична енергија од 1760 мегавати, додека бројот на вработени во АД ЕСМ ќе се намалува по придроден одлив со одење во пензија.

Сите капацитети на АД ЕСМ се подготвуваме да бидат во функција. ТЕЦ Неготино ќе биде подготвено за работа и за наредната година. Оваа година имаме план за 20 отсто зголемување на производството, 100 процентно ќе биде снабдувањето кон ЕВН Хоме, повторно ќе ги покриваме техничките загуби на МЕПСО и Електродистрибуција, а има и планови како да му помогнеме на стопанството, додаде генералниот директор на Електрани.

Промовирани огласи »

Основните градежни материјали бележат значителен раст на цените, а она што загрижува е што неизвесен е крајот на поскапувањата, вели Андреја Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора. Вели дека анализата на Здружението покажува дека на пример, во периодот март 2020 до март лани цената на челичните профили и цевки порасна за 33 отсто; од март 2021 до јуни таа година за дополнителни 33 отсто, а до крајот на годината и до 95 проценти. Од почетокот на пандемијата до крајот на 2021 година поскапувањата кај оплатата, геокомпозитот, термоизолацијата ESP, заштитните премази, полимер-битуменот за асфалт и металните профили надминале 50 проценти, а со особено изразен интензитет продолжиле и од почетокот на оваа година.

Серафимовски тврди дека проблемот со поскапувањата ги засега сите сегменти на градежништвото и високоградбата и нискоградбата, а исто така и приватните вложувања и јавните инвестиции. Проблемот иако се манифестирал во сите сфери, најмногу се чувствува во доменот на јавните набавки.

Прво, кај тековните јавни набавки има проекти кои се реализираат три, пет и повеќе години, при што кај набавките со фиксни цени, компаниите работат во услови на непроменети цени договорени пред неколку години и неможност на корекција на истите, додека кај набавките каде има пропишано клизна скала истата не функционира, односно не ги одразува зголемувањата на цените во реалноста.

Второ, кај јавните набавки кои се пропишани и евалуирани, но не се започнати, проблемот е што цените кои се пропишани и евалуирани и пред месец дена повеќе не се исти со оглед дека од ден на ден се зголемуваат што доведува до тоа компаниите да ги откажуваат понудите, а сето тоа предизвикува имплликации од правен и економски карактер врз нив кои тешко може да ги поднесат имајќи ги предвид актуелните состојби.

Трето, голем проблем се и новите јавни набавки со оглед дека условите по кои се пропишуваат се оние услови кои ги имавме една, две, пет и десет години, т.е. во услови кога нормално се живееше и работеше и не соодветствуваат со денешните состојби. Поради тоа, се доведува во прашање исплатливоста на реализацијата и се создава неизвесност во градежништвото што може да доведе и до пропаѓање на голем број тендерски постапки, вели Серафимовски.

Тој ги пренесува предлозите на Здружението.

Бараат итна и недоложна средба со владини претставници на највисоко ниво со цел да ги презентираат последните предлози за надминување на посочените проблеми

Информираме дека предлозите кои се однесуваат на методологијата за пресметка на разлики во цени во договорите за градење, ги доставуваме и во пишана форма до претседателот на Владата и заменикот на претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, како и до ресорниот министер, при што очекуваме дека овој пат ќе имаат слух и ќе ги разгледаат барањата на секторот кој е еден од двигателите на македонската економија. Уште еднаш апелираме и нагласуваме дека со усвојувањето на мерки за поддршка за градежните компании, бенефит покрај стопанството ќе има и државата и граѓаните, преку повлекување на ангажманот на уште дваесетина други стопански гранки кои директно и индиректно се поврзани со градежништвото, зголемување на економската активност, како и задржување на работните места коиво градежништвото изнесуваат околу 7 отсто од вкупно вработените лица на ниво на државата, вели Серафимовски.

Промовирани огласи »

Ова би значело дека Велигден ќе биде со постојните мерки, односно задолжителна маска во затворените делови, задолжителен сертификат за речиси сите простори, како и задолжителни тестови за невакцинираните.

Поради зголемениот број новозаразени во Грција, Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство предложила да нема никакво олабавување на мерките до 1 мај, објавија грчките медиуми, јави МИА од Атина.

Ова би значело дека Велигден ќе биде со постоечките мерки, односно задолжителна маска во затворените делови, задолжителен сертификат за речиси сите простори, како и задолжителни тестови за невакцинираните.

Иако министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис, минатата седмица најавуваше можно олабавување на мерките од средината на април, но и потенцираше дека сè ќе зависи од епидемиолошката слика, сепак зголемениот број нови случаи се чини дека не дозволува укинување на рестрикциите.

Член на комисијата на епидемиолози за весникот „Катимерини“ рекол дека во моментов има разгорување на епидемијата, кое не треба да се поттикнува и додал дека за да се донесе одлука за укинување на мерките треба да се намали бројот на случаи.

Доколку се анализираат официјалните податоци на Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите седум дена, во просек дневно имало 21 000 новозаразени и по 52 смртни случаи од ковид-19.

Грција надмина три милиони потврдени случаи на ковид-19 од почетокот на пандемијата, а во изминатите две години починаа вкупно 27 454 лица. 

Промовирани огласи »

Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин.По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање. 

Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел. Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворени позиции за Вас.
DoubleTree by Hilton Skopje врaботува:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »