Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Денеска на верскиот празник Рамазан Бајрам, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг” – Скопје нема да се врши наплата, информираат од претпријатието.

Оттаму дополнуваат дека со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи „Беко” и „26 Јули” и јавните паркиралишта Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и Клинички центар „Мајка Тереза”.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Ако патувате кај јужниот сосед, веќе не би треба ковид сертификат. Соседна Грција од денеска ги укинува скоро сите епидемиолошки мерки против коронавирус. 

Останува само задолжителното носење маски во затворени простории, а таа мерка ќе биде на сила најмалку до крајот на мај, пишува „Катимерини“. Повеќе нема да бидат потребни сертификати за вакцинација, негативни ПЦР тестови, како ниту оние за во ресторани, кафулиња или културни институции. Останува на сила мерката дека вработените во здравствените установи мора да се тестираат со брз антиген тест двапати неделно, додека во училиштата и некои други установи оваа обврска ќе се намали на еднаш во седум дена. Многу земји во регионот и светот ги олеснија мерките за заштита од коронавирусот. И во Бугарија од денеска можете да патувате без ковид сертификат. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »