Ако секој понеделник без волја одите на работа, има техники со помош на кои работите ќе се сменат.
Истражување на Galup во 140 земји покажува дека само 13% од испитаниците се задоволни од својата работа. 63% се рамнодушни, а 24% ја мразат својата работа.
Обично луѓето не ја сакаат работата која не е поврзана со нивната струка, но тоа и не мора да биде причина некоја професија да ја мразите.
Работата не е само професија и услови, туку и опкружувањето кое го имате околу себе.
Работата можеби веќе ви станала рутина, можеби имате многу задачи, можеби е до амбиентот или сте многу амбициозни.
Затоа стекнете навики кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.
Усовршете се за да заработувате повеќе и да добиете покачување.
Научете да разликувате успех од среќа.
На работа сменете го она што не ви се допаѓа.
Многу работи зависат и од тоа како фирмата ги мотивира вработените.
Платата не е единствен начин на мотивација, туку и да се донесуваат одлуки, да се даваат предлози, работникот да добие некаква важна улога во компанијата.