Промовирани огласи »

Албанскиот национален комитет за справување со панде*ијата, денеска донесе одлука, со која, од први мај се укинува обврската за поседување сертификат за им*низација или за прележана болест, како и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите странски државјани при влез во државата.

Според Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство, тоа со оглед на стабилната епиде*иолошка состојба, но и во интерес на туризмот.

Почнувајќи од 1 мај, секој граѓанин што ќе влезе на нашите гранични премини не е обврзан да покаже ниту потврда за им*низација, ниту ПЦР тест. Заштитните маски веќе не се задолжителни ниту во затворени простории, но препорачуваме истите да се носат. Комитетот му препорачува на Министерството за внатрешни работи да се дозволи музика и по 23:00 часот во угостителските објекти, рече Ракацоли.

Со одлука на комитетот на втори март, по речиси две години, беше укинат полицискиот час, кој траеше од 23 до 6 часот, а една седмица подоцна и мерката за ограничено присуство на собири.

Бројот на заразени со оваа болест е значително намален. Позитивноста е 3,8 отсто од бројот на тестираните и во моментов има 430 активни на болеста. На болнички третман се само петмина пациенти. Иако се укинати сите мерки, апелираме да продолжи им*низацијата на граѓаните. Досега 60,8 отсто од популација е им*низирана со две дози, рече таа.

Ракацоли најави дека во земјата ќе почне им*низација со четврта доза за лица постари од 60 години и оние кои имаат имунолошки заболувања или други пропратни заболувања.

Промовирани огласи »

Направете дневна листа со задачи и видете кои од нив се приоритетни. Поделете ги големите задачи на помали делови и решете ги една по една според важноста.

Од време на време направете проценка на вашата работа и запрашајте се како би можеле да ја сработите истата работа за помалку време. Доколку немате време за одредена задача, проценете дали може истата да се заврши и утре. Ако одговорот е негативен тогаш повторно направете листа со приоритетни задачи. Побарајте помош кога ви е потребна и разговарајте со останатите, (менаџерот или тимот), како меѓусебно повеќе да си помагате во работата и да го извлечете најдоброто еден од друг.

Обидете се да се изолирате од гужвата во канцеларијата за момент и фокусирајте се на вашите задачи. Ова е важно ако имате многу работа, а постојано ве прекинуваат.

Не се обидувајте да сработите повеќе отколку што можете во текот на денот. Бидете реални.

На крајот на денот направете увид на листата со задачи и одредете нови приоритети за следниот ден.

Не плашете се да преговарате за очекувањата и флексибилните распореди со вашиот претпоставен ако е потребно. Понекогаш околностите се менуваат.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Пред канцеларијата на СОНК се собраа стотина просветни работници кои не сакаат да заврши штрајкот во основното и средно образование.

Тие се незадоволни од договорениот процен на зголемување на платите од 12 отсто до кои како решение стигнаа вчера Владата и репрезентативниот синдикат.

Денеска членството треба да донесе одлука за прекин на штрајкот.. СОНК има закажан состанок во 16 часот и треба да одлучи дали понудата на Владата за зголемување од 12 отсто е прифатена, како и дали ќе биде прекинат штрајкот.

По состанокот на Советот на Синдикатот во 16 часот ќе биде познато дали утре учесниците и децата ќе се вратат во училиштата и градинките.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »