Промовирани огласи »

Владата на денешната седница одлучи да ги укине сите останати ковид-мерки, со исклучок на задолжителното носење заштитни маски во здравствените домови, аптеките, јавниот превоз и центрите за нега на стари лица и лица со посебни потреби, објави на својот Фејсбук профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Тој посочува дека одлуката на Владата следи по заклучокот на Комисијата за заразни болести за стабилната епидемиолошка состојба во земјава.

Владата препорачува практикување на основните превентивни мерки за лична заштита од Ковид-19, напиша Груби.

Комисијата за заразни болести на состанок одржан на 27 април препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со КОВИД-19, освен задолжителното носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Комисијата сепак упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и  хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од Комисијата потсетија и дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со КОВИД-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки, соопшти минатата недела Министерството за здравство. 

Промовирани огласи »

Во Германија годинава ќе се произведуваат 700.000 автомобили помалку од планираното, најавија тамошните фабрики кои се соочуваат со проблеми во испораката на делови.

Повикувајќи се на податоци од „IHS Markit“, тамошните медиуми наведуваат дека особено е погоден Фолсваген, кој годинава ќе произведе половина милион возила помалку. Покрај тоа се наведува дека BMW ќе произведе 100.000, а Мерцедес 80.000 автомобили помалку.

Специјализираните магазини потенцираат дека Volkswagen се фокусирал на премиум брендовите кои носат повисоки маржи. На овој начин пораснало производството на Порше, додека на Ауди благо се намалило.

Марката Volkswagen има акумулирано половина милион нарачки, а од компанијата велат дека ќе се обидат да го стабилизираат производството и покрај проблемите со испораката на делови.

Извор: Блиц.рс

Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73 % во однос на одлуката од 28.04.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 ден/кг и сега ќе изнесува 52,294 ден/кг.

Од 4.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 52,294 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,350 %, кај дизелот за 2,503%, кај екстра лесното масло за 2,674% и кај мазутот намалување е за 0,222%.

Промовирани огласи »

Голема најава за спектакуларниот настан кој го носат The True Talent & KARIERA.mk токму во Скопје. Со задоволство ве известуваме дека TEDx пристигнува во Скопје! По неколку години пандемиска атмосфера, конечно е време за настан кој ќе ја одбележи оваа година!

TEDx е меѓународна американска платформа која ќе здружи луѓе од регионот кои имаат желба да бидат мотивирани и да добијат многу нови идеи во еден ден во Македонската Филхармонија, во Скопје на 21.5.2022. The True Talent и KARIERA.mk имаат чест да донесат одлични говорници од META, Google, Al Jazeera, European commission, UNDP, Global Woman Magazine и регионални ѕвезди кои ќе мотивираат и инспирираат преку нивните говори на најразлични теми!

Што всушност е TEDx?

TEDx се настани кои се организираат ширум светот и опфаќаат интернационални говорници кои претставуваат интересни, мотивациски и добро оформени идеи за помалку од 18 минути.

Зошто говори под 18 минути?

Овој краток модел на информирање и давање идеи е потврден и ефективен начин за поттикнување на публиката за краток временски период, вашиот ум почнува да работи во сите насоки и добивате идеи кои никогаш не сте знаеле дека може да излезат од вашата глава, токму инспирирани од нечија туѓа судбина, кариерен пат или пак замисла.

Зошто одлучивме дека настан како TEDx и е потребен на заедница како нашата?

Инспирирани од мултикултуролошката компонента на нашето живеење, The True Talent и KARIERA.mk се уверени дека е потребно работење на концептот за промени. На овој начин сакаме директно да ја инволвираме заедницата и да придонесеме луѓе со различни позадини да се вмрежат и да добијат нови генијални идеи кои ќе се интегрираат во нашето заедничко секојдневие.

Кој ќе присуствува на настанот?

  • Osei Gyamfi - Recruiter, Meta/Oculus (Los Angeles)
  • Ece Ozturk Dogan - Head of marketing Platform at Google (Turkey)
  • Kim Vinnell - Journalist/Al Jazeera (Qatar) 
  • Mirela Sula - Motivational Speaker/Owner at Global Woman Magazine (London, UK)
  • Ermal Mamaqi - Comedian/Motivational Speaker (Albania)
  • Enas Daeki - Published Author of Beauty of Pain, Refugee Advocate (London, from Libya)
  • Enzo Cervini - European Commission (Italy)
  • Patrizia Marti - University of Siena (Italy)
  • Alexandra Foster - Director of BT Group (London)
  • Tamara Todevska - Singer (Skopje)
  • Damjan Nikolovski - Einstein, Dyslexia Macedonia (Skopje)
  • Ardita Zekiri - UNDP (Skopje)
  • Besian Mehmeti - Architect (Tetova)
  • Bionics Team - Skopje
  • Martin Sokolovski - Fashion Photographer (Skopje)
  • Nderim Nexhipi - Soccer Player/Sports Director (Kosovo)
  • Mersiha Smailovic - Activist/Founder of Legis (Skopje)
  • Ena Utevska - Founder of Kolektiv Z (Skopje)

Каде да купите карти?

Ве повикуваме заедно да се дружиме, инспирираме и градиме основи за нови идеи! Билети пуштени во продажба на следниот линк Welcome To TED-X - TED X Pella Square!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »