Промовирани огласи »


Сојузот на синдикати на Македонија објави денеска дека е потпишана спогодбата помеѓу синдикалната организација и раководството на АД Пошта со која на вработените ќе им се зголемат платите за 3.000 денари.


Со посредство на ССМ и претседателот Дарко Димовски, Синдикат на Македонска пошта, претставуван од претседателот Боро Велигденов и СО на АД Пошта на Северна Македонија претставуван од претседателот Младен Стојановски со Васко Стефанов, Директорот на Пошта на Северна Македонија по интензивните преговори и одржаниот Штрајк, на 09.05.2022 година потпишаа Спогодба за постигнување на согласност со која ќе биде регулирано зголемувањето на платите на вработените во технолошкиот процес во Пошта започнувајки од јуни 2022 година, а за раководен кадар од август 2022 година во висина од 623 бодови или изразено во паричен износ за 3.003 денари, соопшти ССМ.


Од таму додаваат дека претходно штрајкот завршил со успех на синдикатите и сите барања биле прифатени и се детално разработени во Спогодбата.„Социјалниот дијалог и учеството на ССМ во процесот на преговарање и организирање на штрајкот на вработените во АД Пошта го даде посакуваниот резулатат во интерес на работниците и работодавачот“, додаваат од синдикалниот сојуз.

Промовирани огласи »

Во рамки на денешната седница на Советот на општина Карпош која се одржа во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, советниците дискутираа во врска со предлогот за регулирање на наплатата на комунална такса по основ, организирање на зонско паркирање на дел од јавните паркиралишта на подрачје на општина Карпош.

Советниците со мнозинство гласови ја поддржаа оваа одлука.

Тоа значи дека Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ќе биде одговорно за јавните паркиралишта и јавните површини кои ќе бидат наменети за зонско паркирање на територија на општината, односно ќе функционира како организатор на сообраќајот во мирување.

Во таа насока, јавното претпријатие ќе преземе активности за организација на сообраќајот во мирување, вклучувајќи ги тука одбележувањето, одржувањето и користењето, како и техничките и организациските работи, наплатата и надзорот над паркирањето на возилата и останатите работи на јавните паркиралишта и површини за зонско паркирање.

Во овој случај, за користење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за зонско паркирање, ЈП „Градски паркинг“ – Скопје има обврска да плаќа комунална такса, согласно Законот на комуналните такси и Законот за Град Скопје.

Промовирани огласи »

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта.

Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година.

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »