Промовирани огласи »

Престижниот „Henley Passport Index“ ги рангира светските пасоши според бројот на дестинации до кои нивните сопственици можат да пристапат без виза.

Индексот вклучува 199 различни пасоши и 227 различни дестинации за патување.

Првото место на оваа листа го делат Јапонија и Сингапур со 192 земји во кои нивните граѓани можат слободно да патуваат. Затоа пасошите на овие две земји денес се најмоќни во светот.

Веднаш зад нив, со по 190 земји, се Германија и Јужна Кореја, по што следуваат Финска, Италија, Луксембург, Шпанија… Се така до 44-то место, на кое што е рангирана Македонија и нејзиниот пасош.

Како што наведува „Henley Passport Index“ , со македонскиот пасош можете слободно да одите во 125 земји.

Промовирани огласи »

Со последниот ребаланс, буџетот за 2022 година ќе изнесува 6,6 милијарди евра. Ребалансот се прави со цел економијата целосно да закрепне од пандемијата, но и за поддршка на граѓаните за време на кулминација на глобалната криза. Министерот за Финансии Фатмир Бесими ги презентираше детаљите околу предлог-буџетот за 2022 година.

Оваа година државата ќе се задолжи со дополнителни 900 милиони евра, внатрешно и надворешно, објави министерот Бесими. Средствата ќе се употребат за покривање на старите долгови и буџетскиот дефицит од скоро 700 милиони евра. Владата се надева дека најголемиот дел од финансиските средства ќе се земат преку задолжувањето од ММФ (Меѓународниот монетарен фонд) со ниски каматни стапки, но сеуште не се знае точно колкав ќе биде тој ангажман.

Капиталните инвестиции се планирани во вкупна вредност од 32,2 милијарди денари, околу 6 милијарди денари помалку споредено со претходниот план за 2022 година. Капиталните инвестии првенствено се редуцирани за 95 милиони евра, а за нивна резализација се издвоени 520 милиони евра. Според ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот ќе значи продолжување на економскиот хаос и колапсот.

Промовирани огласи »

„Недела-неработен ден“ почнува да пронаоѓа „законски дупки“ затоа што не им одговара на сите. 

На барање на трговците и дел од занаетчиите, нема да важи за туристичките места. Ова го најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Трговците бараат законот да се смени и да можат да работат во недела особено сега, за време на летната сезона.

Бектеши веќе предложил до Собранието измени за Законот за трговија, со кои се дозволува работа во неделите и празниците во туристичките места.

-Постојат дејности кои се под занаетчиство, тоа се фризери и шминкери. Нивната дејност е поврзана со свадби и прослави. Посебно шминкерите работат единствено во сабота и недела. Останатите денови тие речиси и немаат работа. Ако не ја работат неделата практично би требало да не работат воопшто. Требаше добро да истражат и да направат категории. Не може се во еден кош, ова е ставот на дел од занаетчиите во оваа сфера кои исто така бараат да бидат изземени од законот за недела-неработен ден. 

Промовирани огласи »

Највисоката плата во земјава ја земаат програмерите, а она што е ново е дека тие ја надминаа висината на плата од 80 илјади денари. Или конкретно, во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, плата која била земена во март изнесувала 80.128 денари, додека просекот од претходните три мееци бил 79.848 денари. Плата од над 80 илјади денари, „компјутерџиите“ земале и во февруари годинава, така што во март дури има и благо намалување.

Многу после програмерите со просечна плата се од финансиско услужните дејности, каде земаат 56.260 денари, а на трета позиција се некогашните шампиони, оние вработени во дејноста телекомуникации, чија просечна мсечна плата е 51.536 денари.

Следи фарамацевсткиот бизнис со плати во просек од 50.295 и останати стручни, научни и технички дејности, каде платите изнесуваат 50.184 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »