Промовирани огласи »

YouTube отстрани повеќе од 70.000 видеа и 9.000 канали поврзани со војната во Украина, поради прекршување на упатствата за содржина.

Ова вклучува отстранување на видеа кои инвазијата ја нарекуваат „специјална операција“, пренесува The Guardian.

Од почетокот на војната, Јутјуб ги отстрани каналите, вклучувајќи го и оној на про-Кремљ новинарот Владимир Соловјов, додека каналите поврзани со Министерството за одбрана и надворешни работи на Русија, исто така, привремено беа суспендирани да поставуваат видеа кои ја прикажуваат војната како „специјална операција“. “, пишува британскиот весник.

Промовирани огласи »

Во текот на 2021 година странците кон домашни е-трговци реализирале вкупно 471.688 онлајн трансакции со вкупна вредност од 16,4 милиони евра, покажува анализата на податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, кои се однесуваат на број и вредност на реализирани е-трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци изработена од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ.

Како што стои во соопштението од АЕТМ, ова претставува раст од од 58,4 отсто во бројот и 50,5 проценти во вредноста на трансакциите во однос на 2020 година кога имало 297.742 онлајн трансакции со вкупна вредност од 10,9 милиони евра.

Од вкупниот износ во вредност од 16,4 милиони евра кои странците во текот на 2021 година го потрошиле онлајн за купување во Северна Македонија, повеќе од половината, односно 53 отсто од вредноста на трансакциите се реализирале од страна на ТОП 10 земјите со најголема потрошена вредност онлајн во земјава. Од ТОП 10 земјите по вредност на онлајн трансакции кои платиле со странски платежни картички во државава, соседни земји со најголем промет се Бугарија со потрошени 534 илјади евра и Косово со потрошени 302 илјади евра.

Најголем број на трансакции со странски платежни картички (60.949 трансакции) се реализирани со картички кои се издадени во САД, а потоа следи Обединетото Кралство со реализирани 40.704 онлајн трансакции. Дел од ова веројатно се должи на странски картичките од брендови како “Payoneer” и “Revolut” од САД, односно Обединето Кралство кои воедно се користат од лица од земјава, особено лица од ИТ секторот кои работат “freelance” за странски компании и претставништва и по тој основ остваруваат приходи кои им се исплаќаат на странски картички, кои може да ги користат за трансакции кон дома, стои во соопштението.

Дополнуваат дека останатите земји од каде што има најголем број на онлајн трансакции доминантни се оние земји каде има голем број на иселеници, како Швајцарија, Германија и Шведска кои ги користат своите платежни картички за да купуваат онлајн од е-продавници од Северна Македонија.

Од соседните земји, Бугарија и Србија се дел од ТОП 10 земји кои пазаруваат онлаjн во државава.

Промовирани огласи »

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија. Неодамна Кромберг & Шуберт се прошири на нова локација во Скопје. Моментални отворени позиции:

Отворени позиции во Скопје:

Отворени позиции во Битола:

Доколку сте заинтересирани оставете го вашето CV.


 

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 95,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 97,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 85,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2022 година и со тоа малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 83,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,624 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,963 ден/кг.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »