KARIERA.mk настани
Работилница за ментално здравје
Стратегии за посреќни и поуспешни тимови
We are announcing an event to remember!
30.01.2025 / Скопје
KARIERA.mk со задоволство најавува работилница за ментално здравје со
• Розалија Секулоска, магистер психолог и психотерапевт
• Цветанка Штерјова Бурзевска, психолог и гешталт арт психотерапевт
Овојпат, фокусот е ставен на тимовите и улогата на нивното ментално здравје како приоритет за создавање здрава работна средина.
Во текот на работилницата, ќе разговараме за стратегии како:
✔️ Човечноста да стане водечки принцип во секојдневната работа
✔️ Да изградите тим кој ќе биде отпорен на стрес
✔️ Да создадете динамика на работа базирана на разбирање и соработка а притоа да може да спроведувате и соодветни техники на наградување и казнување
✔️ Како полесно да успееме да ги пребродиме потешкотиите во нашиот кариерен ангажман без притоа силно да влијаат на нашите приватни животи?
И уште многу популарни теми на агендата за кои ретко зборуваме а секојдневно ни создаваат потешкотии во нормалнато функционирање!
Целосна агенда за настанот.... НАСКОРО
Мора да се најавите/регистрирате пред да купите карта.
» Купи EARLY BIRD карта за 3.000 МКД
* во цената не е вклучен ДДВ
Розалија Секулоска
Мр по развојна психологија. Има завршено повеќе психолошки школи, Трансакциона анализа (ТЕА), Когнитивно - бихејвјор психотерапија ( КБТ), ОЛИ интегративна психотерапија и се здобива со звање советник психотерапевт.
Доедукацијата во областа на менталното здравје го продолжува завршувајќи ЕМДР техника за работа со трауми, Фрактално цртање ( дел од Арт терапијата) за работа со деца и возрасни, Системски семејни констелации и многу други.
Член е на Комората на Психолози на Р.С. Македонија. Има напушано две книги :"Моќ наречена надеж" и " Креативно решавање на забрани низ мандалата".
Работи со деца и возрасни16+ години. Често гостува на медиумите и активно учествува во кампањи со цел кревање на свесноста за менталното здравје.
Цветанка Штерјова Бурзевска
Психолог , гешталт советник и психотерапевт, практичар и тренер по арт терапија, на магистарски студии по Клиничка и Советодавна Психологија и на мастер студии по Арт терапија (Шпанија), основач на метод за работа со Сеќавања преку Гешталт Арт Терапија, практичар за свесност (mindfulness), активна членка на ЕФАТ (Европска федерација за уметничка терапија www.arttherapyfederation.eu) (2020) - дел од Комитетот за комуникација на ЕФАТ (одбор од 5 члена - одговорна за Денови на Арт терапија во Европа) (2021), професионален член на IEATA ( International Expressive Arts Therapies Association www.ieata.org ) (2022 година), професионален член на Европска Асоцијација на Гешталт терапевти, практичар и едукатор на Протоколот на работа со Третман на Траума преку Арт терапија.
Досега оддржано работилници во компании од фармацевтската индустрија, ИТ индустријата и во образовниот систем, како и надвор од Македонија ( Србија, Шпанија, Црна Гора, Германија), говорник на јавни дебати и панел дискусии за менталното здравје (ХЕРА, Здружение за дијабетес, Младинско ментално здравје, Биатлон МК, Здружение РАСТ…), говорник на првиот лидерски самит во Македонија (Лидерство преку креативност, инспирација и Влијание ), Психолог во приватна пракса (12г), одржувач на работилници и организатор со 10 годинишно искуство, Автор на прирачникот за личен раст и развој преку Гешталт Арт терапија - „21 дневен предизвик со Гешталт Арт Трепија“ (продадени 50 примероци за 2 дена) и Психолошки планер.
Основач на Гешталт Арт терапија (www.gestaltart.mk), директор на Си Би Ес Консалтинг (www.sibies.mk), ко-основач на Моди Центар (www.modicentar.wix.com), ко-основач на Каизен Тетово, ко-основач на ПсиХит Скопје. Амбасадор на промовирање на значењето на менталното здравје преку Гешталт Арт терапија во Македонија.
Глаевeн Уредник на Првиот весник за Психологија и Психотерапија во МК ПСИХОПУЛС преведен и на англиски. www.psihopuls.mentalnozdravje.mk
Гостување во емисии на ТВ и радио промовирање, дискутирање за менталното здравје.
Одржани преку 260+ работилници во 2022-2024 во МК и ЕУ , 10 групи за личен развој (2022-2023), 6500+ часови индивидуална и 3000+ групна работа (2022-2024)