Финансиски асистент

За компанијата: ФД ИутеКредит Македонија ДООЕЛ е финансиско друштво со седиште во Скопје, кое работи од јули 2017 година. Креираме исклучително искуство во областа на личното финансирање, со надминување на очекувањата... повеќе за компанијата »

Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија, кое најбрзо и најкомфорно нуди кредити за физички лица има отворенa позициja за:

Финансиски асистент

Главни одговорности:

  • Точно и навремено евидентирање на уплати и исплати од клиенти.  
  • Проверка и контрола на дневни изводи од денарски и девизни сметки; 
  • Обработка, архивирање и водење на евиденција за документацијата. 
  • Извршување на други работни задачи по налог на Директорот за финансии. 
  • Подготовка на рекапитулари за исплата на соработници и договори на дело
  • Проверка на документација пред исплата на износи по одобрени кредити 
  • Реализација на банкарски налози за уплата и исплата на одобрени кредити и останати административни трошоци 
  • Месечно усогласување на сметководствената евиденција со евиденцијата на CRM 
  • Подготовка на дневни, неделни и месечни извештаи за потребите на Групацијата и локалното законодавство во ексел.  
  • Останати непрецизирани обврски од финансиското и сметководствено работење

Потребно искуство и вештини:

  • Универзитетска диплома
  • Најмалку 2 години претходно искуство во финанси
  • Организиран и фокусиран кон детали
  • Напредни компјутерски вештини особено ексел
  • Континуирано следење на финансиска политика, сметководство и даноци
  • Познавање на финансиска регулатива во земјава и интернационалните финансиски и сметководствени стандари
  • Искуство во управувањето со буџет, јавно сметководство и готовинскиот тек.
  • Способност брзо да ги разбере новите проблеми и да донесува ефикасни одлуки кои ќе превенираат губиток на финансиски средства и оперативен и репутациски ризик.
  • Способност за работа под притисок, планирање на личен обем на работа
  • Тимски играч
  • Познавање на англиски јазик
  • Вештини за користење на– Microsoft Оffice
  • Вештини за подготвување извештаи

Компанијата нуди

  • Атрактивна плата и бонуси
  • Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
  • Можност за стручни и едукативни обуки
  • Договор за вработување на неопределено време, по 6 месеци вработување на определено време во зависност од резултатите на работењето

Испратете своја биографија со работно искуство и вештини на  [најави се за да го видиш е-маилот] , до 06.12.2019 година

Вашата апликација ќе биде третирана со строга доверливост. Ќе бидат контактирани само апликантите со потесен избор. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »