- Објавен на 8.2019
- Gudmark Group
- Активен до 28.08.2019
- Позиција: Останато
- Локација: Скопје
Гудмарк Гроуп Дооел Скопје е водечки производител и дистрибутер на декоративни и индустриски премази. Во потрага сме по посветен кандидат кој ќе биде дел од нашиот тим и ќе придонесе во нашиот понатамошен развој. Распишуваме оглас за следнава работна позиција:
Магационер
Локација: Скопје, с. Марино
Одговорности и задачи:
- Комисионира, односно одвојува готови производи за купувачи;
- Да врши прием и складирање на готови производи квантитативно и квалитативно и да се грижи за начинот на складирање;
- Да води сметка за роковите на складираната роба;
- Да ги изработува требувањата и да прави испратници;
- Води евиденција за состојба на влезни и излезни материјали, да ја складира и чува документацијата;
- Да соработува усмено и писмено со колегите од набавка,
- Програмски ги обработува документите (интерни и екстерни испратници, приемници и повратници) и ја складира документацијата;
- Одговорен за квалитативна и квантитативна завршна контрола на готови производи и трговска роба пред испорака;
- Најмалку еднаш годишно учествува во пописна комисија и во попис;
- Ракува со електричен вилушкар (високопалетен и палетен) во магацин и ја одржува хигиената на своето работно место;
- По потреба лепи декларации на производи за испорака до купувачи;
- Како и други работни задачи опишани со акт на работодавачот и писмени и усмени наредби.
Потребни квалификации:
- Степен на стручна спрема: ССС;
- Работно искуство 2 години
Од кандидатот очекуваме:
- Способност за работа во тим.
- Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
- Организираност и одговорност.
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
- Ефективна вербална комуникација
Сите заинтересирани кандидати можат да испратат свое резиме на [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влазат во потесен избор. Конкурсот е активен до 28.08.2019 година