Асистент за Човечки ресурси

За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да... повеќе за компанијата »

АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон  високо квалитетно производство на лекови  во Република Северна Македонија.

Асистент за Човечки ресурси

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

  • ВСС;
  • Минимум 1 година соодветно работно искуство.
  • Познавање на Закон за работни односи

Работни задачи:

  • Изработка на решенија за годишни одмори на вработени во компанијата;
  • Асистира при регрутација на нови вработени   (објавување на огласи за вработување, закажување на интервјуа со потенцијални кандидати);
  • Комплетно водење на целокупната Архива на Компанијата, евидентирање во Е-Деловодник, нејзино скенирање, складирање и чување согласно Законот за Архивско работење на Р.М;
  • Водење на персонални досиеа на вработени во специјализиран софтвер за човечки ресурси.
  • Асистира при организирање на настани поврзани со вработените во компанијата (тим билдинг и сл.);

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  •      Организираност и ефикасност; 
  •      Способност за тимска работа;
  •      Работа со дадени рокови;
  •      Следење на интерните правила и процедури;
  •      Самоиницијативност и самокритичност.

Услови кои ги нудиме:

  • Организиран превоз;
  • Воведни обуки на вработените;
  • Работа во една смена од 07:30 - 15:30 часот, од понеделник до петок.

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »