Менаџер за проекти

За компанијата: Ритам Трејд ДОО Скопје егзистира на пазарот во Република Македонија од 2009 година и е компанија формирана со заедничко вложување на Ритам инженеринг- Белград, Република Србија компанија која е дел од... повеќе за компанијата »

Менаџер за проекти

Со работно место во Скопје (1 извршител)

На неодредено време со задолжителна пробна работа

Потребни квалификации:

  • Виша или висока стручна подготовка од градежна,архитектонска,  машинска или економска струка, со изразена способност за препознавање на бизнис можности
  • Работа на компјутер
  • Пожелно е работно искуство во проекти на изградба или продажба на градежни материјали
  • Комуникативност, способност за тимска работа и почитување на рокови
  • Возачка дозвола „Б“ категорија

Задолженија и одговорности на работно место:

  • Прибавување на податоци за актуелни градежни проекти на територија на цела држава
  • Остварување на контакти со инвеститори или главни изведувачи и подизведувачи на работите на тие проекти
  • Препознавање на пазарните прилики за продажба на градежните производи од асортиманот на Ритам Трејд ДОО Скопје
  • Воспоставување и одржување на трајни деловни односи со клиентите
  • Професионално презентирање на споменатите производи на инвеститорите и изведувачите и обезбедување на неопходна техничка документација за производите
  • Давање на комерцијални понуди за продажба на стоки на инвеститори, односно на изведувачи на работи, во координација со раководителот на продажно место
  • Давање на извештаи на менаџментот за актуелните проекти и деловни резултати
  • Превземање на поголема активност и насоченост кон остварувањето на годишните планови за продажба
  • Почитување на стандардите на компанијата како и етичките норми на деловно работење

Ви нудиме можност за професионален напредок, динамична работа, целосна професионална поддршка и стимулативна плата и надоместок.

Пријавите за работа заедно со CV со понова фотографија и копија о диплома испратете ни ја на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Напомена: Ќе бидат контактирани само кандидатите кои влегуваат во потесен избор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »