ЕДС ДООЕЛ Скопје оглас за вработување

  • Објавен на 10.2019
  • ЕДС ДООЕЛ Скопје
  • Активен до 19.10.2019
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје

Energy Delivery Solutions (ЕДС) e водечка македонска компанија од областа на трговија со електрична енергија на пазарот на квалификувани потрошувачи. Со портфолио од 320MW формиравме најдобра балансна група и со тоа условите за снабдување со струја ги направивме најповолни на македонскиот пазар. ЕДС е единствена македонска компанија што има развиена мрежа за снабдување со електрична енергија и искуство во набавка на струја на слободен пазар.

 ЕДС како своја цел го има проширувањето на регионалните пазари и со самото тоа зголемување на обемот на обврски. Од тие причини, ЕДС има потреба за вработувања на
 1 (еден) работник во секторот  Backoffice.

Опис на  работни задачи

  • Дневен увид на состојба на сметки по банки на  ЕДС групацијата, поготовка  налози за како и друга потребна комуникација со банки и со оддел Сметководство (известување на извршени плаќања, пристигнати приливи, и сл.).
  • Подготовка на фактури  и пропратна документација за клиенти и нивно евидентирање
  • Водење на евиденција на издадени фактури ,евиденција на влезни фактури
  • Подготовка на потребна документација за вршење на дознаки во странство
  • Подготовка на потребна документација за царинење
  • Архивирање на документација  
  • Подготовка  испраќање и следење на потребна документација по пошта
  • Обезбедување на понуди и подготовка на налози за набавка на канцелариски материјали и други потребни материјали за работењето на службата, следење на набавката, и соодветно средување на фактурите за овие услуги.
  • Вршење на други  работи  кои спаѓаат во делокругот на работењето  по барање на Раководителот

Квалификации:

  • Завршено високо образование (предност Економски Факултет  при УКИМ)
  • Познавање на пишан и говорен англиски јазик
  • Работа со компјутери (познавање на сите Office апликации, особено Excel)
  • Солидни оргaнизациски и комуникациски вештини
  • Претходно работно искуство , но не е услов

Кандидатите кои имаат интерес  за позицијата молиме  да  достават  резиме (CV) на следната  е-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »