Дипломиран Машински Инженер

  • Објавен пред 4 месеци
  • Kogel Stil
  • Активен до 17.06.2019
  • Позиција: Инженер
  • Локација: Скопје

КОГЕЛ СТИЛ ДОО Скопје ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. 
Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата.
Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им
овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин
стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.
КОГЕЛ СТИЛ ДОО Скопје поради проширување на својата дејност објавува оглас за вработување на

1. Дипломиран Машински Инженер

Инженерот ќе учествува во работата на постројките и е одговорен за одредена фаза од одвивањето на технолошкиот процес.
Преку дефинирани задачи, инженерот ќе придонесува за оптимално функционирање на процесот, добивање на квалитетен
производ и максимално искористување на капацитетите, организирање на човечките ресурси, а сето тоа со максимално
ангажирање за безбедно извршување на задачите, како и со грижа за заштита на животната средина. Учествува во следење
на работата на одделните постројки преку процесните параметри и на лице место, изработка на извештаи, решава специфични
проблеми. Работата се извршува од 08:00 до 16:00часот. 

Квалификации на кандидатите:

  • Дипломиран инженер ВСС VII степен (240 кредити), машински факултет 
  • Со или без работно искуство
  • Возачка Дозвола Б категорија
  • Познавање на Microsoft Officе, CAD софтвер и познавање на останати апликации ќе се смета за предност.

Конкурентски предности за сите работни позиции:

  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1.    Мотивациско писмо
2.    Биографија (CV)
3.    Доказ за завршено образование


Огласот трае 20 (дваесет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно), на определено време од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неодредено време.
Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса kogelstil@gmail.com , со назнака “ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира “
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Краен рок за пријавување:17.06.2019

КЛИКНИ