Главен сметководител

За компанијата: АВТ е водечки дистрибутер на стока за широка потрошувачка кој врши услуги на пазарите во Македонија, Хрватска, Србија, Бугарија и Словенија. Многу брендови кои ги дистрибуираме се водечки во своите категории:... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

АВТ Интернатионал  - Компанија која врши дистрибуција и трговија на големо со прехрамбени и непрехрамбени производи за широка потрошувачка, распишува оглас за вработување на:

Главен СМЕТКОВОДИТЕЛ

(1 извршител)

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на економијата
  • Работно искуство од најмалку 5 години во областа на сметководството
  • Поседување на лиценца за овластен сметководител
  • Одлично познавање на сметководствените правила и политики, вклучително МСФИ и МСС
  • Одлично познавање на законскта регулатива особено во областа на даноците
  • Одлично познавање на работа со компјутер
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Познавање на законските прописи и сметководствени страндарди
  • Пожелно поседување на возачка дозвола Б- категорија

Способности и вештини:

  • Одговорна, темелна, аналитична, посветена, одговорна и коминукативна личност
  • Поседување на висок интегритет и лојалност
  • Иницијативност и подготвеност за флексибилност во динамични услови на работа
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови
  • Способност за тимска и индивидуална работа
  • Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата
  • Развиени организациски способности
  • Потенцијал за континуиран професионален развој

Работни одговорности:

  • Комплетно водење и контрола на сметководственото работење
  • Изработување на ДДВ пријави
  • Изработување и поднесување на даночен биланс и завршна сметка
  • Изготвување на плата
  • Подготовка на исплати преку Е-ПДД 
  • Изработка на извештаи за разни институции (статистика, НБРМ, УЈП)
  • Следење и имплементација на законски промени

Ние нудиме:

  • Можност да бидете дел од компанија со одлична работна средина – атрактивна и динамична работа
  • Стабилна можност за професионален развој
  • Атрактивен месечен надомест
  • Работно време: Полно работно време 40 часа неделно

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на на македонски и англиски јазик на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака во subject” Главен сметководител

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Општи правила за аплицирање:

• Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).

• Назнака на позицијата за која се аплицира

• Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во АВТ Интернатионал или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »