За компанијата: Division е маркетинг агенција со целосни услуги основана во 2001 година. Нашиот тим е поврзан со страст да им помага на клиентите да постигнат извонредни резултати користејќи интегрирани маркетинг стратегии...
повеќе за компанијата »Маркетинг агенцијата Дивисион го проширува својот тим и е во потрага по ACCOUNT MANAGER & DIGITAL SPECIALIST.
Опис на работно место:
- Главен одговорен за комуникација и координација на сите активности со клиентот
- Учество во подготовка и изработка на годишни стратегии за маркетинг активностите на клиентот, за потребите на компанијата и/или некој од брендовите со кои истата работи за сите канали на комуникација
- Учество во подготовка на маркетинг кампањи, вклучувајќи координација на потребните активности за реализација на секој таск помеѓу клиентот и интерните тимови (Креатива, Продукција, Дигитал), како и подготовка на финансиски понуди
- Подготовка на комуникациски планови, координација со тимот за дигитални медиуми за следење на активностите на социјалните платформи, како и на остварените резултати од истите
- Учество во изработка на стратегии и буџети за реализација на дигитални кампањи (Facebook, Instagram, Google Ads, LinkedIn, веб портали)
- Комуникација со екстерни добавувачи за потребите на реализација на некоја од активностите на клиентот
Потребни вештини:
- Одлични комуникациски вештини
- Одлични организациски вештини и раководење со време
- Тимски играч
- Способност за работа со рокови и повеќе истовремени активности
- Одлично познавање на Microsoft Office пакет
- Познавање на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, LinkedIn и Google, како и познавање и техничка способност за работа со Facebook Ads менаџерот и Google Ads менаџерот
Потребно е претходно работно искуство на оваа работна позиција, пожелно минимум 2 години
Што нудиме:
- Работа во динамична средина со современи технологии
- Работа во тим со поддршка и менторство од поискусни колеги
- Простор за учење и напредок во областа на маркетингот и дигиталните медиуми.
Рок за аплицирање: 20.12.2022 г
Сите заинтересирани кандидати може да испратат свое CV на [најави се за да го видиш е-маилот]