ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје, обезбедува висококвалитетни градежни услуги за општински, државни како и за приватни клиенти. Наша цел и мисија е преку целосна посветеност да ги задоволиме потребите на нашите клиенти, навремено и квалитетно. Поради проширување на својот тим, и поради зголемен обем на работа,
ДГПТУ БИИТЕМ ДООЕЛ има потреба од
1. Дипломирани градежни инженери – 2 извршители
2 (двајца) дипломирани градежени инженери со следниве,
- Потребни квалификации:
- високо образование - Градежен факултет
- со работно искуство најмалку 3 (три) години, при изведба на објекти од нискоградба, искуство со работа на терен
- да поседува А овластување за изведба
- познавање на англиски јазик,
- работа со компјутери и задолжително познавње на:MS Office, Internet, Auto CAD,
- поседување возачка дозвола Б категорија.
- Личен профил:
Способност во организирање на работата на терен, човечки ресурси и поставување на приоритети
Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија
Способност за тимска работа
Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
Способност за работа под притисок и во дадени рокови.
- Геодетски инженер – 1 извршител
- Потребни квалификации:
- ВСС- дипл. градежен инженер насока Геодезија
- Со овластување А или Б
- Работно искуство минимум 3 години
- Познавање на работа на компјутер (ACAD, MS Office, MS Project)
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на законска и подзаконска регулатива од областа на градежништвото
- Познавање од теренски мерења со геодетски инструменти.
- Личен профил:
Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија
Способност за тимска работа
Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
Способност за работа под притисок и во дадени рокови
Работениот однос се заснова на определено време од 3 месеци со можност за продолжување.
Работата ќе биде на терен и на објекти ( изведба ).
Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот.
Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок).
Потребните документи –СV, диплома, овластувања, сведителства, уверенија, потврди и др. да се достават на емаил адресата на друштвото [најави се за да го видиш е-маилот] .
Огласот трае 5 работни дена од денот на неговото објавување.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.