Финансискиот менаџер

Националната Федерација на фармери, Скопје има потреба од ангажман на финансиски менаџер за имплементација на планираните активност.

 

ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР​

 

Финансиски менаџер треба да:

  • Има високо образование од областа на економски науки;
  • Има знаење за финансиски менаџмент;
  • Познавање на сметководствениот и даночниот систем во земјата;
  • Одлични вештини за сметководство и финансиско планирање;
  • Одлично вештини за финансиско известување;
  • Широко познавање на економијата кое може да придонесе за подготовка и имплементација на проекти;
  • Многу добро познавање на англискиот јазик;
  • MS Windows, MS Office компјутерски вештини;

Финансискиот менаџер треба  да има искуство во:

  • Методи и техники за економска анализа;
  • Развој и имплементација на финансискиот, сметководствениот и системот на внатрешна контрола на НФФ и подобрување на процедурите за постојните системи;
  • Методи и техники за финансиско планирање и буџетирање;
  • Управување со финансиски ризици;
  • Методи и техники за проценка на финансиската активност;
  • Организирање обуки за вработените за сметководство / административно и финансиско управување;

Финансискиот менаџер мора да биде способен да:

  • Ги следи анти-корупциските и антидискриминаторските принципи
  • Работа во атмосфера на родова еднаквост
  • Работа под притисок и краток рок
  • Работа во тим

Обврките на финансискиот менаџер опфаќаат: 

  • Подготовка на исплататите поврзани со пректи и главната сметка во согласност со Финансискиот и административниот водич за организации финансирани од We Effect и целосните процедури и правилници на НФФ:
  • Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација;
  • Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
  • Подготовка на финансиски извештаи;
  • Материјално и книговодствено работење;
  • Подготовка на пресметки, буџети и поддршка во процес на јавни набавки;
  • Предвидување на проблеми и ризици во спроведувањето на проектите;
  • Следење на македонското сметководство и меѓународните сметководствени стандарди;
  • Организација и поддршка во спроведување на ревизии;

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]   и  [најави се за да го видиш е-маилот] ,mk најдоцна до 20.05.2019 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »