Референт за премиско сметководство

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Самостоен соработник за премиско сметководство - Самостоен соработник за финансии

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

                                                            Референт за премиско сметководство

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Завршено високо образование од областа на економија, финансии и сметководство,
  • Најмалку 3 години работно искуство во областа на финансии и сметководство,
  • Одлично познавање на Microsoft Word, Excel, сметководствени програми и политики,  
  • Задолжително познавање на Англиски јазик,  
  • Развиени комуникациски, организациски и аналитични вештини,
  • Ориентираност кон критично размислување и решавање на проблеми,
  • Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови,
  • Способност за тимска и индивидуална работа,
  • Поседување на висок интегритет, одговорност и лојалност.  

Работни обврски

  • Врши подготовка на пропратна документација со која се реализираат исплатите и наплатите;
  • Врши наплати на премии од продажбата на полиси во Генерална Дирекција;
  • Изготвува благајнички извештаи за состојбата во благајна со целокупната пропратна,
  • Изготвува налози за плаќање преку интернет-банка, и претходно изготвување на извештаи за нивно одобрување,
  • Подготвува налози за исплата, денарски и девизни (штети, фактури, провизии, судски такси, плати),
  • Доставува налози за исплата во банка и се грижи за нивно точно и навремено извршување,
  • Врши книжење на сите уплати од премија врз основа на спецификациите доставени од каналите на продажба,
  • Го следи побарувањата и обврските на осигурениците,
  • Остварува контакти со сите канали на продажба на Друштвото, во врска со задолжувањата, нивните уплати, и уплатите од правни лица направени за нивни сметки,
  • Изготвува список за исплата на плати и води евиденција за промените во работниот кадар, промени во месечни плати, одбитоци или награди,
  • Ги обработува аналитичките податоци, побарувања од премија според местото на остварената продажба, како и според видови осигурувања,
  • Ги следи побарувањата и обврските на осигурениците,
  • Изготвува извештаи од областа на финансиско работење по барање на претпоставените;
  • Врши други сродни работи по барање на претпоставените.

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Референт за премиско сметководство”.

Со доставувањето на Вашата апликација потврдувате дека прифаќате Вашата апликација и лични податоци да бидат обработени и земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото. 

Нaпомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »