ОПЕРАТОР НА ЦНЦ МАШИНА (CNC punch press)

За компанијата: Компанијата ОзонАир е докажан глобален партнер и соработник на многу компании во Македонија како и целиот свет. Главниот фокус е модерен дизајн и технологијата што се применува во производството на единици... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

ОзонАир е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.

ОзонАир ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.

За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата:

 

ОПЕРАТОР НА ЦНЦ МАШИНА (CNC punch press)

 

кој ќе му се придружи на нашиот тим за производство во фабриката во Скопје.

Операторот ќе биде одговорен за работа на ЦНЦ пунч преса со Фануц (Fanuc) контрола - автоматизирани и делумно автоматизирани машини за обработка на метали и ги надгледуваат наведените машини и уреди.

 

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

- Операторот треба да има познавање од работа на ЦНЦ машина.

- Кандидатот е пожелно да поседува претходно работно искуство на ЦНЦ пунч преса или слична машина

- Завршено средно образование (Машинско или Електротехничко е предност)

- Работно искуство како ЦНЦ оператор од минимум 1 година ќе се смета за предност

 

За следниве работни задачи:

- ракување  со  механички,  полуавтоматски  и  автоматизирани машини  - пунч преси и преси за виткање за различни  видови обработка на метални плочи, профили или цевки и надгледување на нивната работа;

- прости доработки и преправки на податоци за НЦ или ЦНЦ програми, нивно префрлување од персонален компјутер на машина и обратно;

- работа со алати за машините, нивно одржување, промена и подесување;

- тековни постапки за одржување на машините, припрема за работа, припрема за прекин со работа и водење евиденција за дневни активности;

- запазување на стандардите од спецификациите за работа и преземање на безбедносни мерки при работата;

- надгледување на работата на машините, тековно сервисирање, чистење и водење детална евиденција за извршени сервисни поправки;

- вршење на сродни задачи на други машини и рачни алати;

 

Се добиваат следниве услови за работа:

- Редовни месечни примања

- Работа во прва смена и исплата на прекувремени часови согласно плановите за работа

- Работа во фабрика, климатизиран објект

- Можност за обука, стекнување нови знаења и нови работни задачи

- Дефинирани дати за годишен одмор

- Награди за посветено извршување на работните задачи

- Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување

- Можност за остварување новогодишен или друг надоместок

 

Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »