Административен работник

Работна позиција: Административен работник      Место: Скопје, Центар  

Работа прва смена: 08:30ч до 16:30ч

Потребни квалификации:

  • Одлично познавање на англиски јазик (други јазици ќе се сметат за предност)
  • Возачка дозвола Б категорија (мин. 2 години)
  • Активна работа на компијутер
  • Добри комуникациски вештини
  • Одговорност и завршување на работните задачи

Опис на работа:

  • Подготовка на документи за сметководство
  • Наплата и реализација на финансиски трансакции
  • Директна продажба на услуги
  • Договор за наем за клиенти следејќи ги утврдените насоки и процедури
  • Информирање на клиенти за нашите услуги
  • Предавање и прием на возила од клиенти
  • Прием на резервации, креирање и доставување понуди
  • Организирање и координирање со колеги

Плата според квалификации и можност за остварување месечен бонус по основ на дополнителна продажба.

Вашето CV испратете го на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

За нас

Carwiz rent a car е гаранција за извонредна и пристапна услуга. Нашето име претставува знаење, креативност и стручност во нашата услуга.

Сити Кар Рентал ДООЕЛ Скопје е носител на франшизата Carwiz за територијата на Македонија и Србија.

Ние сме динамична регионална компанија која нуди адекватна плата и можност за дополнителна заработка, одлична обука и можност за професионален развој и напредување.

Имаме потреба од вработени кои работат со љубезност и би допринеле да бидеме најдобар избор за нашите клиенти. Ние нудиме услуга од највисок квалитет по најпристапни цени без разлика дали се работи за приватни или деловни клиенти.

Вашето CV испратете го на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »