Директор на производство

За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да... повеќе за компанијата »

АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон  високо квалитетно производство на лекови  во Република Северна Македонија.

Директор на Производство

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

  • ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација);
  • Завршена специјализација по фармацевтска технологија;
  • Минимум 3 години соодветно работно искуство во производство на цврсти фармацевтски дозирани форми;
  • Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
  • Задолжително познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
  • Способност за самостојна работа, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност, тимска работа, флексибилност.

Работни задачи:

  • Раководи со целокупната работа во Сектор Производство;
  •  Го организира и ускладува процесот на работа во Сектор Производство во координација со   останатите сектори;
  •  Ги координира и контролира процесите и активностите во Сектор Производство;
  •  Обезбедува услови за непречено изведување на процесите согласно начелата на Добрата   Производна Пракса;
  •  Врши проценка на перформансни индикатори за сите вработени во Секторот Производство;
  •  Воведува нови технологии и врши нивна оптимизација;
  •  Спроведува и врши контрола при валидација на процесите и валидација на чистење;
  •  Врши контрола при изработка на производствената документација (производни протоколи,   стандардни оперативни постапки и сл.)
  •  Одговара непосредно на Генерален Директор.

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »