ИНЖЕНЕР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Активни огласи од КАЗ ГРУП ДОО Илинден:

Административен асистент

КАЗ ГРУП ДОО Илинден, има потреба од следната работна позиција ИНЖЕНЕР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома од техничките науки (машински, електро или техничко-технолошки факултет)
  • Високо ниво на компјутерски вештини
  • Високо ниво на комуникациски и организациски способности

Функции и задолженија:

  • Креира и имплементира процедури за контрола на квалитетот во соработка со одговорните за производство
  • Врши контрола на системската документација во поглед на барањата на стандардите (ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015, BS OHSAS 18001:2007 и другите стандарди кои се имплементираат во компанијата)
  • Изработува соодветна документација за следење и контрола на квалитет
  • Идентификува неусогласености, иницира и превзема превентивни мерки, предлага корективни мерки за отстранување на неусогласеностите во процесите, активностите, производите, услугите и Интегрираниот Менаџмент Систем
  • Дава совети за примена и нивно имплементирање, како и обезбедува соодветни обуки, средства и техники со цел да им овозможи на другите да го постигнат бараниот квалитет
  • Прави внатрешна ревизија на системот за квалитет според дефинираната динамика и изработува годишни планови, анализи и извештаи за работењето
  • Обезбедува и врши подготовка на податоци, материјали, анализи и извештаи за подготовка на годишните интерни и екстерни аудити (редовни и вонредни)

 

Работниот однос се склучува на определено работно време со можност за продолжување

Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате наведените квалификации, потребно е да доставете на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] кратка биографија

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »