Оглас за вработување на Советник за продажба на осигурување

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Самостоен соработник за премиско сметководство - Самостоен соработник за финансии

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција во повеќе градови на Република Македонија:

 

                                                              Советник за продажба на осигурување

 

  • Основни работни обврски

 

Агентот за продажба на осигурување треба да го познава пазарот на осигурување во Република Македонија, бара и придобива нови клиенти, врши продажба на полиси за различни видови на класи на осигурување, врши теренско организирање на работата, врши анализа на портфолио за правни лица, дава поддршка и помага на осигуреникот околу остварување на своите права од осигурување и се грижи за навремена наплата на премијата на осигурување, ги обновува постојните полиси за осигурување како и одржува контакти со клиентите и ги известува за сите значајни промени во Друштвото

 

  • Потребни квалификации и карактеристики:

           Високо образование

           Најмалку 3 години работно искуство во осигурување;

           Одлични комуникациски вештини;

           Ориентираност кон продажба и клиенти;

           Професионален пристап кон работните обврски;

           Способност за тимска работа;

 

Доколку сте продажно ориентирани и сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Советник за продажба на осигурување”.

 

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.

 

Напомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

 

Огласот е активен до: 28.03.2019 година.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »