Сметководител со работно искуство - канцеларија Скопје

Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува оглас за работно место: сметководител со работно искуство за канцеларија во Скопје:

1. Опис на работно место:

Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:

  • Книжење и организирање на одделни типови документи;
  • Kомуникација и преземање на документи од клиенти;
  • Одговорен за општа комуникација и навремено добивање на документи од клиентот;
  • Ги врши сите оперативни работи поврзани со сметководство – книжење и организирање на документи од клиентот;
  • Изработка на обрасци, кои се поднесуваат до надлежните институции (ДДВ пријава, ПДД-ГИ, НД и сл.);
  • Изработка на извештаи, побарани од менаџментот на фирмата;
  • Постапување согласно Програма за самоконтрола на книжење;
  • Анализа и контрола на работењето на помладите сметководители.

2. Критериуми за работно место:

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Високо образование – Економски факултет – додипломски студии (сметководство, ревизија, финансиско сметководство);
  • Минимум 3 год. работно искуство: финансиско и материјално сметководство, производство;
  • Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel;
  • Познавање на модерни сметководствени компјутерски системи;
  • Способност за раководење со луѓе (тимови до 5 лица);
  • Владеење на странски јазик – англиски;
  • Добри аналитички способности;
  • Уредност;
  • Одговорност;
  • Умешност да се работи со голем обем на информации;
  • Работа во куси временски рокови;
  • Исполнителност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Одговорна и лојална личност;
  • Позитивен став.

 

3. Компанијата нуди:

  • Можност за напредок, раст и развој на професионално ниво;
  • Пријатна работна атмосфера во млад работен колектив;
  • Договор за вработување согласно законските прописи;
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Вашата професионална биографија и мотивационо писмо, како и копија од уверение и/или диплома за завршено високо образование можете да ги доставите на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака „За работно место: сметководител со работно искуство

Датум на огласот: 15.08.2017

Прием на апликации до: 15.09.2017

Огласот трае до 15.09.2017 година, а изборот ќе се изврши во рок од 20 работни дена по истекот на рокот за пријавување.

.САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје

Ул.„Даме Груев“ бр.8, Дом на воени инвалиди, 5-ти кат, Скопје

 Контакт телефон: +38923233301

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »