Консултант - Продавач - Струмица

  • Објавен на 10.2018
  • Нефа мебел
  • Активен до 22.10.2018
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Струмица
  • Телефон: 023066399

Компанијата НЕФА МЕБЕЛ се занимава со сериско производство на мебел за европскиот пазар и поседува сопствен малопродажен ланец. НЕФА МЕБЕЛ е дел од рускиот кластер на мебел. Матичната компанија во Русија се состои од 3 фабрики со над еден милион парчиња мебел произведени годишно и повеќе од 1000 сопствени салони за мебел.

 

Планот за развој на бизнисот на компанијата НЕФА МЕБЕЛ во Европа до 2020 година, вклучува обем на производството на 72 000 парчиња на мебел на годишно ниво во рамките на современа фабрика, отворање на синџир на продавници - 150 продавница за мебел во Европа, како и 500 нови вработени.

 

Поради растот и развојот на пазарниот потенцијал, како и проширувањето на бизнисот, во потрага сме по кандидати кои ќе се придружат на нашиот успешен тим на позицијата:

 

Продавач - консултант

 

Локација: Струмица

Опис на работата:

• Ги пречекува посетителите во салонот и индивидуално работи со нив

• Во комуникацијата со клиентите, ги дознава нивните потреби и ги презентира производите

• Ги информира купувачите за карактеристиките на производот, условите и можностите за плаќање, тековните акции/попусти и помага при купувањето

• За потребите на продажбата, ги подготува потребните документи за продажба и испорака

• Го информира купувачот за правилата за одржување на мебелот

• Го надгледува процесот на плаќање и испораката на мебелот на клиентот

• Го информира купувачот за постапката за решавање на рекламацијата

• Ја следи состојбата на залиха на стоката во рамките на својата одговорност

• Креира документи за продажба и документација за испорака

• Одржува хигиена во салонот

 

Доколку сакате да бидете дел од динамичен тим кој поставува стандарди и поттикнува тимска работа, испратете ја Вашата биографија и мотивационо писмо по електронски пат на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Конкурсот е отворен до 30.10.2018 година.

При аплицирање задолжително да се наведе: Продавач-Консултант за Струмица

Профил на кандидатот:

Минимум III степен на стручна подготовка
Пожелно е искуство на слични работни места во малопродажба
Љубезност и подготвеност за соработка
Фокусираност на потребите на потрошувачите

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »