Диспонент за транспорт - 2 (две) позиции

За компанијата: Дејности: ТРАНСПОРТ, ШПЕДИЦИЈА,СКЛАДИШТА И КАРГО повеќе за компанијата »

О     Г    Л     А    С

За прием на работници определено работно време

       ЖАС ГРУПАЦИЈА  ДОО Скопје со седиште на ул. Перо Наков бр.1, Гази Баба – Скопје, поради проширување на својот тим, за вршење на својата основна дејност има потреба од:

ДИСПОНЕНТ ЗА  ТРАНСПОРТ   - 2 ( две  ) позиции 

Потребни квалификации:

  • ВСП , ВШП или ССП од било која област ;
  • Најмалку 1 година работно искуство во организирање патен транспорт ;
  •  Познавање на најмалку еден странски јазик, задолжително англиски (пожелно и германски  или грчки  јазик )
  • Комуникативна, исполнителна, одговорна и лојална личност, способна за тимска и самостојна работа, со одлични организациски способности и спремност за работа под притисок и запазување на рокови.
  • Работа со компјутери (одлично познавање на MS Office пакетот и работа со интернет.);
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач).

 Работни задачи:

  • Одговорен е за подготвување на цени за услугите;
  • Остварува директен контакт со трети лица за договарање на транспортни налози;
  • Се грижи за експолатација на возилата и врши задолжување/раздолжување на возачите со возила и опрема;
  • Ги следи возилата со помош на GPS систем;
  • Извршува анализа на ефективноста на возилата и возачите (реализација и профит);
  • Подготвува документација за фактурирање за извршен превоз;
  • Одговорен е за изработување на техничката документација на возилата и внимава за истекот, односно продолжување на истата.

Избраниот кандидат ќе заснова работен однос на 6 месеци, со можност за продолжување во зависност од прикажаните резултати во работењето.

Работата ќе се извршува со полно работно време (40 часа) од понеделник до петок. Дневното работно време започнува во 08:00, а завршува во 16:00 часот.

Висината на месечната плата е во зависност од квалификациите и условите кои ќе ги исполнува кандидатот.

       Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови својата кратка биографија (CV) да ја испратат на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за работна позиција за која аплицираат, најдоцна до 28.09.2021 година. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид.

Сите податоци добиени преку апликациите ќе бидат користени доверливо и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во согласност со роковите определни со Законот за работни односи.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »