Дали си иновативна личност?
Дали се интересираш во IoT, Machine Learning, AR, VR, Photo/Video Processing?
Дали сакаш да работиш на прозвод кои има глобален и директен импакт во секојдневниот живот на корисникот?
Ние сме мал интернационален тим основан во Melbourne (AU). Нашата цел е да му овозможиме на нашите корисници повторно да ги доживеат своите спомени рефлектирани преку нивните фотографи и видеа.
Со постојано растечки глобален тим, сакаме да вработиме софтвер девелопмент практикант (part-time или full-time платена позиција), кој ќе може да учи и да ни помогне да ја оствариме нашата мисија.
Оваа позиција е сосема поинаква во споредба со било која друга понуда, каде нема да бидеш исфрустриран од амбигиозни или невозможни барања.
Наместо тоа, ќе имаш шанса да работиш со високо мотивиран и искусен технички и дизајн тим, кои ќе го почитуваат твојот талент, и можат да ти пружат поддршка во секој момент.
Како ќе бидеш успешен во позицијата:
- добра комуникација
- добри познавања во софтвер инжинеринг
- добри познавања од барем еден програмски јазик (Java, JavaScript, Python)
- ентузијазам, желба и добар пристап за учење (нов јазик, нова платформа, алгоритми)
- добро познавање на англиски јазик
Бонус особини (но не клучен фактор):
- претходно работно искуство
- претходни слични проекти
- искуство во Mobile Development (iOS, Android)
Една од позначајните особини е тоа што можеш да работиш од својот дом, со 24/7 поддршка од нашиот тим (предноста на интернационален тим нели)
Ако мислиш дека си спремен за предизвикот, дека можеш лесно да се вклопиш и да бидеш значаен дел од нашиот тим, прати Cover Letter и CV одма :)