(преземи го огласот во Word)
Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува огласи за работни места: 1. „Асистент за пресметка на плата без работно искуство“ 2. „Специјалист за пресметка на плата со искуство“
- Опис на работно место „Асистент за пресметка на плата без работно искуство“
Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:
- Води евиденција за боледувањата на вработените на клиентот и врши поднесување на документи за боледување на вработени до Фондот за здравствено осигурување;
- Води евиденција и поднесува обрасци за здравствено осигурување и обезбедува здравствени картони за вработените на клиентот;
- Води евиденција и врши пријавување и одјавување на вработени на клиентот во Агенцијата за вработување;
- Води евиденција и врши пријавување/одјавување односно регистрации во други државни институции;
- Учествува во/изготвува пресметки за плата и извештаи врз основа на месечни варијабилни податоци
Критериуми за работно место:
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
- Високо образование, VII/1 Степен Факултет од општествени науки или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС;
- Аналитичност;
- Ажурност;
- Педантност и точност;
- одлично познавање на ексел, ворд и други компарабилни програми за компјутерско работење;
- знаење на англиски јазик;
- позитивен став
- Опис на работно место „Специјалист за пресметка на плата со работно искуство“
Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:
- Прави подготовка и контрола на добиени основни податоци за вработените од Асистентот и клиентот;
- Изработува пресметка врз основа на добиените податоци за пресметка на плата;
- Изработка на извештаи за пресметката и доставување до клиентот;
- Изработка на месечна декларација и годишен извештај и нивно доставување до Управата за јавни приходи;
- Комуницира со клиентот за прашања поврзани со добиените податоци и пресметката на плата
Критериуми за работно место:
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
- Високо образование, VII/1 Степен Факултет од општествени науки или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС;
- Претходно работно искуство од 3 години;
- Самостојност во вршењето на работите;
- Познавање на административно работење;
- Одлично познавање на McOffice;
- Одлично познавање на деловен англиски јазик;
- Умешност да се работи со голем обем на информации;
- Работа во куси временски рокови;
- Исполнителност;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Одговорна и лојална личност;
- Позитивен став
Вашите професионални биографии и друга документација, како и копија од уверение и/или диплома за завршено високо образование можете да ги доставите на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за која работна позиција аплицирате:
„За работно место: 1.Асистент за пресметка на плата без искуство“
„За работно место: 2. Специјалист за пресметка на плата со искуство
Датум на огласот: 28.04.2021
Прием на апликации до: 28.04.2021
Огласот трае до 12.05.2021 година, а изборот ќе се изврши преку претходно тестирање, во определен рок согласно бројот на пријавени кандидати како и Законот за работни односи на Република Северна Македонија.
• САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.