БАУЕР БГ ДОО е компанијата чија дејност е изградба на деловно – станбени единици од високоградба, ентериерно уредување, како и работи во нискоградбата и патната и железничка инфраструктура.
БАУЕР БГ ДОО има потреба од:
АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ ВО АРХИВА
Потребни квалификации:
- ССС минимум
- Без или со работно искуство
- Возраст до 30 години
- Солидно познавање на англиски јазик
- Работно користење на компјутер – MS office (word, excel, power point)
Одговорности и задачи:
- Административно работење и постојана комуникација со странки
- Водење на деловодна книга, архивирање на документи и подготовка на извештаи
- Вршење на административно - технички работи
- Управување со административна документација
- Подготовка и достава на документација до сметководството
Вештини и способности:
- Одлични комуникациски и интерперсонални способности
- Ориентираност кон клиенти
- Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
- Способност за работа под притисок и куси рокови
- Одговорна, лојална, мотивирана и стабилна личност
- Способност за континуирано стручно усовршување и професионален развој