Фасилити Менаџмент Сервицес дооел – Скопје е компанија која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги од областа на управување на недвижнини и нивно одржување од секаков вид.
Поради проширување на тимот, Фасилити Менаџмент Сервицес објавува оглас за вработување на позиција за:
ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
Одговорности и задачи:
· Контрола на квалитетот на извршените работи и функционирање на техничката опрема.
· Проверка на објектот од технички аспект (функционирање на целата инфраструктура).
· Проверка на објектот од аспект на уредување и хигиена.
· Учествува во подготовка и изработка на техничко-економски предлози.
· Изготвување на чек листи и извештаи.
· Го координира тимот за техничка поддршка.
· Грижа за одржување на опремата во исправна состојба во соработка со одговорен инженер.
· Обезбедување на непречено функционирање на објектот.
· Подготвува оперативни упатства и техничка документација за употреба и одржување на опремата.
· Се грижи за почитување на нормите за безбедност и почитување на амбиентот.
· Водење на административна документација.
Потребни квалификации:
· Образование – минимум ССС, предност ќе имаат кандидатите со ВСС (машински, електро – технички или градежен факултет).
· Работно искуство - Минимум 1 година на иста или слична позиција.
· Активно познавање на англиски јазик.
· Одлично познавање на MS Office.
· Возачка дозвола Б категорија.
Личен профил:
· Одлични комуникациски способности.
· Професионален и позитивен однос.
· Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.
· Самоиницијативност и амбициозност за усовршување на знаење и вештини.
· Флексибилност и способност за тимско работење.
· Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови.
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака на работното место за кое аплицирате.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!