ФИНАНСИСКИ И КОМЕРЦИЈАЛЕН КООРДИНАТОР

За компанијата: ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 2.2018
  • ФМС дооел
  • Активен до 21.02.2018
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје
  • Веб: fms.mk/
  • Facebook: fms.skopje

Фасилити Менаџмент Сервицес дооел – Скопје е компанија која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги од областа на управување на недвижнини и нивно одржување од секаков вид. Поради проширување на дејноста Фасилити Менаџмент Сервицес објавува оглас за вработување на:

 

Финансиски и комерцијален координатор

 

Обврски и одговорности:

  • Подготовка на годишни буџети, предвидувања и деловни планови,
  • Надзор на сметководство, трошоци и наплата,
  • Подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи, графикони, табели,
  • Пресметувања на отстапувањата од буџетот и известување за значајни прашања за управување со менаџментот,
  • Обезбедување на финасиска анализа и управување со трошоците,
  • Тесна соработка со банки, владини институции, правни институции, советници, агенции за недвижности,
  • Застапување на интересите на организацијата во текот на преговорите со трети лица,
  • Мониторирање на сите проекти и осигурување дека истите се реализираат согласно планот и проекцијата,
  • Водење на преговори и селекција на подизведувачи,
  • Подготовка на бизнис понуди и водење на преговори со тековните и потенцијалните клиенти како и подготовка на договори за соработка,
  • Координација на целокупниот тим.

 

Квалификации:

  • Виско образование – Економски факултет,
  • Најмалку 5 години работно искуство,
  • Задолжително познавање на англиски јазик (деловна усмена и писмена комуникација),
  • Работа на компјутер (MS Office пакетот и финансиско –материјални апликации),
  • Добри комуникациски и организациски способности,
  • Тимска работа,
  • Способност за работа под притисок и зададени рокови,
  • Способност за решавање на проблеми,
  • Прецизност и флексибилност.

 

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака на работното место за кое аплицирате.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »