Раководител на Малопродажба

За компанијата: СБДМК ДОО е фирма која веќе 27 години успешно работи во Р. Македонија. Ние сме увозници, дистрибутери и сервисери на брендовите DeWALT, Black&Decker, Stanley, Irwin, Knipex, Annovi Reverberi и Awelco во... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 1.2019
  • СБДМК ДООЕЛ
  • Активен до 08.01.2019
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.sbd.mk
  • Facebook: линк

СБДМК е фирма која веќе 20 години успешно работи во Р. Македонија. Ние сме ексклузивни увозници, дистрибутери и сервисери на реномираните светски брендови Black&Decker, DeWALT и Stanley во Македонија. Во своите програми овие брендови нудат различни рачни и електрични алати, апарати наменети за професионална употреба , како и за домашна употреба и за широка потрошувачка. Дел од тие производи се: дупчалки, брусалки, циркулари, пили, електропневматски чекани, батериски машини, како и косилки, ножици за жива ограда, тримери и мали кујнски апарати за домаќинство, брави, катанци и друго.

За сите наши производи обезбедуваме и соодветен прибор и оригинални додатоци. Во склоп на нашата фирма е малопродажниот салон, големопродажба и сервис за нашите брендови, Black&Decker, DeWALT и Stanley, за кои обезбедуваме гаранција и оригинални резервни делови. Покрај тоа застапени сме во преку 60 продавници од нашата партнерска мрежа ширум Македонија.

 Имаме потреба од вработување на кандидат за следната работна позиција:

РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖБА

Опис на работно место:
• Изработка на план за продажни активности и маркетинг кампањи.
• Изработка на понуди и фактури и учество во сите продажни активности на компанјата.
• Услужување на клиенти во продавницата.
• Работа со готовина и кредитни картици.
• Одржување на асортиманот и цените во продажниот салон.
• Логистичка помош во сервис и магацин.

Потребни квалификации:
• Минимум завршено средно образование IV степен.
• Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.
• Познавање од областа на електричен и рачен алат ќе се смета за предност.
• Практично познавање на MS Office пакетот.
• Задолжително основно познавање на Англиски јазик.
• Возачка дозвола Б категорија.

Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии CV, можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака ( Раководител на малопродажба ).
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 13/01/2019 година.
Ве молиме без телефонски јавувања.
Вработувањето е на неопределено време со три месечен тест период. Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »