ПСД лого

Проектен менаџер - Преведувач за англиски и германски јазик

За компанијата: Првата преведувачка компанија во Словенија која во 2010 година го доби „првиот европски преведувачки стандард“ EN 15038, одобрен од комисијата на ЕУ во 2006 година повеќе за компанијата »
  • Објавен на 4.2023
  • ПСД
  • Активен до 05.05.2023
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 38976957779
  • Веб: www.psdtranslation.com

Поради зголемен опсег на работа бараме повеќе нови соработници за работно место: Проектен менаџер,  Преведувач за англиски јазик , Преведувач за германски јазик  и Преведувач за словенечки јазик 

Бараме студент/ка , за постојано вработување , подготвен/а  за дополнителна едукација и достигнување на поставените цели.  Ги охрабруваме да аплицираат сите оние кои сакаат да постигнат одлични резултати, кои имаат желба за напредок и брзо учат.

Задачи и одговорности:

  • Преведување на секаков вид документи од различна терминологија од англиски, германски и словенечки јазик на македонски јазик и обратно.
  • Користење преведувачки алатки (SDL Trados, Wordfast, Matecat) и присвојување нови технологии.
  • Следење на упатствата и барањата на клиентите, придржување до роковите за испорака .

Бараме:

  • Студент  (пожелно англиски, германски или словенечки јазик и книжевност – преведувачка или наставна насока)
  • Одлично компјутерско познавање (Microsoft Office Package)
  • Пожелно познавање на друг странски јазик
  • Посветеност и комуникативност
  • Интерес и желба за постојана надградба

Нудиме:

  • Редовно вработување
  • Многу знаења, обуки, употреба на нови алатки, техники на комуникација, надворешни едукации
  • Уредна работна околина
  • Соработка со купувачи од земјата и странство

Работата ќе се одвива на нашата локација во Скопје.
Вашите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот]  Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

ПСД со своите подружници во повеќе држави спаѓа во современи преведувачки агенции, која покрај информатичката технологија посебен акцент става на личниот развој на кадрите со што го поттикнува растот на компанијата и на вработените.

  • Преведувавме на повеќе од 73 јазици,
  • Успешно завршивме проекти со илјадници страни во многу кратки рокови,
  • Лекториравме книги, брошури, упатства, правни текстови и законодавство, како и договори за јавна администрација и министерства, кои се наоѓаат на интернет страните и на полиците во книжарниците, во земјава и во странство.
  • Извршивме толкувања со повеќе од 1300 учесници.
  • Повеќе за нас:  www.psdtranslation.com и www.psd.si.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »