Менаџер за продажба

  • Објавен на 2.2018
  • Чапе Фунги
  • Активен до 13.02.2018
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Демир Хисар

Чапе Фунги - Демир Хисар компанија за преработка, извоз и малопродажба на шумски печурки и плодови, заради зголемен обем на работа објавува оглас за:

 

Менаџер за Продажба за територијата на Македонија-  Работното место е во Демир Хисар со организиран превоз од Битола.

Потребни квалификации:

  • Способност за продажба, преговарање, комуникација со клиенти,
  • Телефонска и директна комуникација со клиенти и продажба,
  • Познавање на принципите и методите за претставување, промовирање и продавање на производите,
  • Искуство со компјутерска работа, активно работење со MS бизнис апликациите,
  • Работно искуство најмалку 1 година во продажба,
  • Возачка дозвола Б категорија,
  • Креативност и развиени комуникациски способност за контакт со клиенти.


Одговорности и задачи:

  • Да го зголеми бројот на задоволни коминтенти со секојдневен проактивен пристап во работењето и создавање партнерски однос со постоечките и новите коминтенти,
  • Да обезбеди непречен тек на продажниот процес, остварување на плановите на друштвото во регионите, и да ги истражува и планира потребите на пазарот на Македонија
  • Предлага мерки за решавање на проблемите и унапредување на работењето и успешноста,,
  • Анализа на потребите на клиентите и партнерите во однос на производниот асортиман.


Компанијата обезбедува: 

  • Пријатна работна атмосфера, 
  • Редовна плата и организиран превоз од Битола, 
  • Работно време во една смена, 
  • Можност за професионално усовршување, напредок и обуки, 
  • Плата 18.000 ден. 


Вашата професионална биографија (CV), испратете ја на е-маил: elena.chapefunghi@gmail со назнака „Менаџер за продажба“. Комуникацијата ќе биде исклучиво по е-маил. 

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »