Систем-администратор

Трговско друштво за трговија, производство и услуги на големо и мало, ексклузивен застапник и дистрибутер на целата палета на производи под брендот Swisslion:

 

ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА СВИССЛИОН ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ

Има потреба од 1 (еден) извршител на работно место

 

Систем-администратор

 

ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА СВИССЛИОН ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ има потреба од 1 (еден) извршител на работно место систем-администратор,  кој ќе работи со полно работно време од понеделник до петок, од 08 до 16 часот.

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Мин. ССС со соодветно работно искуство или ВСС (од областа на информатичките науки);
  • Претходно работно искуство од минимум 2 години во областа на одржување на компјутери, компјутерски мрежи, инсталација на софтвери и нивно одржување;
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач);
  • Напредно познавање на интернет сервиси и Windows office;
  • Пожелно искуство со подршка на  ERP софтвер;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Организациски и аналитички способности;
  • Способност за индивидуална и тимска работа и
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови.

 

Работни задачи:

  • Инсталација и одржување на компјутерски мрежи, компјутерска и канцелариска опрема;
  • Администрирање и одржување на системи за надгледување и мониторинг;
  • Обезбедување антивирусна заштита и backup алатки и процедури;
  • Одржување на Microsoft AD (администрација на корисници, полиси и привилегии);
  • Водење грижа за ИТ инфраструктурата на компанијата и
  • Комуникација со надворешни соработници, како и обезбедување техничка подршка на внатрешни корисници.

 

Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите на следната е-мејл адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака на позицијата.

 

Напомена:

  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена од денот на завршување на огласот.
  • Траење на огласот и рок на пријавување 10 работни дена од објава на огласот.

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »