АСИСТЕНТ ЗА НАБАВКИ

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт телефонски број (02) 551-2851, има потреба од вработување на следново работно место:

 

 АСИСТЕНТ ЗА НАБАВКИ

 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

 

§  ВСС, предност ќе имаат апликантите со Економски факултет;

§  Напредно познавање на работа со компјутер (MS Office);

§  Пожелно претходно работно искуство во областа на набавки од најмалку 2 години

§  Солидно познавање на англискиот јазик (говори, чита, пишува);

§  Поседување на аналитички способности;

§  Поседување на вештини на преговарање;

§  Поседување на возачка дозвола - Б категорија;

 

Одговорности и работни задачи

 

§  Усогласување на компаниските политики и процедури за набавки;

§  Следење на рокови и планови за набавка;

§  Истражување на пазарот;

§  Анализа на пазарот и изработка на ценовни компарации;

§  Пресметка на заштеди;

§  Идентификација на можностите за набавки;

§  Следење на испораките;

§  Градење на професионален и цврст деловен однос со добавувачите;

§  Архивирање на предмети од доменот на набавките;

 

Што нудиме

 

§  Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;

§  Можност за професионално усовршување и обука кај еден од најреномираните производители на автобуси;

§  Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;

§  Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;

§  Обезбедена исхрана во современа кантина;

 

Доколку сте заинтересирани аплициирајте на www.vanhool.mk.

 

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 

 

Краен рок за доставување на апликациите: 19/08/2019

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »