Сметководител

Компанија во Охрид за производство на електро, метални и пластични производи има потреба од:

 

  Сметководител

 

Опис на работната позиција:

  • Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на истото,
  • Контрола на книжење на финансиската и материјална документација,
  • Изготвување на завршна годишна сметка и годишна сметка,
  • Изработка на обрасци, кои се поднесуваат до надлежните институции (ДДВ пријава, ПДД-ГИ, НД и сл.),
  • Изработка на плата и пресметка на сите дополнителни исплати од работен однос,
  • Благајничко и девизно работење,
  • Сложување аналитички картици со купувачи и добавувачи,
  • Буџетирање и контрола, водење на архива,
  • Комуникација, развивање и одржување односи со клиенти, банки и институции,
  • Подготовка на финансиски извештаи, месечни, квартални и годишни деловни планови и поддршка на менаџментот согласно потребите,


Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Високо образование од областа на финансиите, сметководство и економски науки,
  • Лиценца за овластен сметководител или сметководител,
  • Одлично познавање на работа со компјутер, MS Office, интернет апликации,
  • Одлично познавање на Англиски јазик,
  • Познавање и активно следење на соодветната законска регулатива и меѓународни сметководствени стандарди,
  • Искуство во сметководство за производство (ќе се смета за предност),
  • Искуство со ERP платформи (ќе се смета за предност),
  • Познавање на работа по ISO 9001 (ќе се смета за предност),
  • Искуство со CRM, Social Media (ќе се смета за предност),
  • Исполнителност, способност за запазување на рокови и остварување на резултати,
  • Аналитичност, самоиницијативност, амбициозност и позитивен пристап.

 

Доколку ги исполнувате потребните квалификации за работната позиција, ве молиме да пратите CV до [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака "Работна позиција: СМЕТКОВОДИТЕЛ".

 

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »