
За компанијата
Bebel Fashion е млада компанија која се занимава со малопродажба на женска модна облека. За кратко време успеавме да станеме препознатлив бренд на македонскиот пазар и да направиме една од поголемите мрежи на бутици во Скопје. Моментално имаме 6 продавници во Скопје и 1 продавница во Куманово и сопствен e-shop, со план во наредната година да се прошири нашата продажна мрежа и во други градови во Македонија.
Како сметководител во Бебел ќе имаш можност да работиш во брзорастечка компанија. Твојата кариера ќе расте како што растеме и ние.
Опис на работното место
Сметководителот ги евидентира и контролира сите сметковотсвени настани во компанијата. Ја конторлира целата потребна документација во малопродажбата, ги потготвува документите за надворешното сметковотсво и извршува разни административни задачи.
Главни одговорности
- Навремено и точно книжење на сите сметковотсвени настани во финансово и матријално сметковотсво
- Сложување на аналитичките картици
- Изготвување на сметковотсвено финансиски извештаи
- Контрола на книгите и документацијата во малопродажба
- Следење на трошоците и паричните текови во компанијата
- Комуникација и координација со надворешно сметковотсво
- Комуникација со сите релевантни државни институции
- Активно познавање и следење на актуелните случувања и законски регулативи во областа на финансии
- Изготвување на финансиски извештаи (извештај за парични текови, биланс на успех, биланс на состојба) и предлагање насоки за понатамошно дејствување
- Изготвување и менаџирање на буџетот на компанијата
- Анализирање на финансиските показатели (варијабилни и фиксни трошоци, цена, маржа, правење на “what if” анализи) и споредба со планираните финансиски резултати
- И други административни обврски
Потребни квалификации
- ВСС (високо образование) –економски факултет;
- Уверение за завршен курс сметковотсво или обука за финансиски аналитичар;
- Познавање на управувавчко сметковотсво и финансов менаџмет би се сметало за предност;
- Работно искуство минимум 2 години во сметковотсво, пожелно во малопродажба;
- Аналитички способности, ориентиран кон успех, оптимизација на процеси, високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност;
- Одлично познавање на софтверски решенија- MS Office;
- Познавање на софтвер за сметковотсво;
- Способност за разрешување на проблеми;
- Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.
Работно време: понеделник – петок 09:00 до 17:00. Викенди и дрзавни празници не се реаботни
Апликацијата може да ја пратите на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Благодариме за апликацијата.
Вашата апликација се разгледува од нашиот тим.
Поздрав
Ваш Бебел
Слични огласи »