Едукатори

За компанијата: Во светски рамки се повеќе се препознава значењето на STEM образованието како механизам за креирање на долгорочна вредност и најзначајна инвестиција во едукацијата на децата. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 6.2022
  • STEM Academy
  • Активен до 30.06.2022
  • Позиција: Образовен/Спортски кадар
  • Локација: Скопје
  • Веб: stem-academy.org/
  • Facebook: stemacademy

Имаме потреба од Хонорарен соработник – едукатор и редовно вработен - едукатор

Едукаторите во пракса нарекувани Coach  ги имаат следните консултативни и едукативни задачи:

- Да врши едукација на деца од 5 – 16 години согласно методологијата на STEM Academy.

- Да ја спроведува програмата на STEM Academy на најпрофесионален начин

- Да се грижат за безбедноста на децата за време на часовите

- Да обезбедат соодветно и непречено одвивање на часовите, со соодветна припрема на просторијата и ИКТ технологијата како и сите други алатки за работа

- Да обезбеди непречена комуникација со родителите на децата и со менаџментот на Академијата

Од кандидатот се бара да:

• поседува вештини за работа со деца

• има познавање во креирање наставна програма и наставни инструкции

• е способен за работа

• планира успешни искуства за учење на деца од 5 – 16 години,

 

ПРОФИЛ И БАРАЊА НА ПОЗИЦИЈАТА

Квалификации

Образование (минимум ниво)

**Универзитетска диплома од областа на педагошки науки, дефектологија, психологија., инженерство (електро, машински..) и други сродни дисциплини

Искуство на слични позиции

**Минимум 2 години работно искуство

Специјални квалфикации. / сертификати

**Познавање на програмирање, роботика искуство со технологија е предност

Англиски јазик говорен и пишан на напредно ниво

 

Други придобивки и услови за работата на едукаторите

Сите едукатори добиваат наменска обука согласно стандардите на LEGO Образование од мастер тренерите за методологијата која се применува во рамки на Академијата, чии трoшоци се покриваат од страна на STEM Academy.

 

Условите во кои се одвиваат часовите на STEM Academy се на највисоко ниво на професионалност, безбедност и напредна технологија.

Потенцијалните кандидати треба да ги достават следниве документи:

• Мотивациско писмо ,

• Биографија ЦВ

Ве молиме пратете ги вашите документи електронски на [најави се за да го видиш е-маилот] . Крајниот рок за поднесување на документите е 24-ти јуни, 2022.

Само одбраните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »