UNIX инженер за системи за далечинско управување (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

UNIX инженер за системи за далечинско управување (М/Ж) 
 
 
Опис на работните задачи:
 
Инсталација, пуштање во работа, детекција на грешки и одржување прво ниво на целосниот SCADA систем, целосната мрежна опрема (LAN\WAN  мрежни уреди) и крајните уреди за далечинско управување, како и мониторирање на целокупниот систем за далечинско управување на ЕЕО и целокупната мрежна опрема преку централен систем за управување.
 
Потребни компетенции / предзнаења:
 


 Познавања во:

  • UNIX shell programing,
  • Perl,
  • C++ . 

 

Познавање на работа со: 

  • RTU, IED,PLC ќе се смета за предност, 
  • Основни познавања при програмирање на на уредите за далечиско управување, 
  • Основни познавања при дефинирање на функциски дијагарами. 

 

За предност ќе се смета:

  • Познавање на комуникациски протоколи - IEC60870-5-101/104, IEC6061850, TCP/IP, MODBUS, DNP3,
  • Основни познавања од SCADA системи, работа со Електродистрибутивните системи,   
  • Искуство со мрежно/комуникациска опрема - модеми (радио, GPRS и сл.) ,Switche-еви , Router-и, Firewall-и.

 
Квалификации и лични карактеристики:

  • Високо електротехничко образование, 
  • Работно искуство најмалку 2 години, 
  • Напредни познавања на MS Excel, 
  • Напредно користење на пишан и говорен англиски јазик, 
  • Возачка дозвола – Б категорија, подготвеност за работа на терен,  
  • Ефикасно, навремено и брзо реагирање при барање од корисниците на SCADA системот,  
  • Способност за детектирање на проблеми, изнесување факти и подготвување и презентирање на валидни заклучоци,  
  • Проактивност, иницијативност, аналитичност, 
  • Способност за тимска и самостојна работа,  
  • Почитување на зададени временски рокови при реализација на доделени задачи.

 
 
Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на: [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница http://www.evn.mk
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)
 
 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »